sadness 9823505 1280

„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата дека другите ти прават нешто те оддалечува сè повеќе и повеќе од твоето Битие и твојата внатрешна сила…“
Со овие зборови, духовниот учител Екхарт Толе нè потсетува дека вистинската промена започнува внатре во нас. Луѓето и ситуациите што ги среќаваме во животот не се случајни – тие се огледало на нашите неисцелени делови, на раните што уште не сме ги прифатиле и преобразиле.

Толе верува дека клучот кон внатрешниот мир е целосното преземање на одговорност за сопствениот живот, без обвинување на другите. Додека остануваме во улогата на жртва, го одложуваме сопствениот раст и внатрешен процут.

„Другите доаѓаат само за да ти покажат што сè уште не си излечил, затоа ти се потребни. Ти се потребни како што на детето му е потребна мајката. Без нив не би можел да го освестиш несвесното; не би можел да се развиваш и да ги видиш раните кои сè уште постојат во тебе.“

„Потполната одговорност – тоа е она што е потребно на духовниот пат до созревање и пронаоѓање мир.“

Кој е Екхарт Толе?

Екхарт Толе (Eckhart Tolle) е германско-канадски духовен учител и автор на светски познатите книги „Моќта на сегашниот момент“ (The Power of Now) и „Нова земја“ (A New Earth). Неговото учење е фокусирано на будноста, присутноста и ослободувањето од умот, а неговите книги инспирирале милиони луѓе ширум светот да пронајдат внатрешен мир и поавтентичен начин на живеење.

Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…