424906127 808022754700044 7964801207203759427 n

Во посета на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола беше амбасадорот на Република Полска во Скопје Кшиштоф Гжелчик во рамки на проектот „Полска полица – книги од полски автори на полиците од македонските библиотеки“. Амбасадорот Гжелчик придружуван од сопругата Јоланта Гжелчик беше пречекан од директорот м-р Бојан Стефановски, м-р Јелена Петровска и м-р Фатма Бајрам Аземовска.

424949426 808022808033372 1746471226540125884 n

Целта на посетата беше донацијата над 50 наслови како од класичната, така и од современата литература преведени на македонски јазик со дела од полски автори. На средбата се разговараше за реализирање на низа активности, кои ќе следат во наредниот период.

425374165 808022854700034 3305702250479213008 n

На 27 февруари неколку библиотекари ќе учествуваат на семинарот за полска литература во Скопје на кој ќе бидат разгледани и други прашања од суштинско значење за библиотеките меѓу кои и оние поврзани со промоција и маркетинг во библиотеките.

424906127 808022754700044 7964801207203759427 n

Во знак на почит м-р Стефановски на амбасадорот Гжелчик му врачи Благодарница и подарок со рачна изработка од здружението македонски ракотворби- Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…