naslovna slika

До каде треба човек да стигне за да се покае?

Како изгледа дното кое нема дно?

Јован Крстител, пречист и Марија Магдалена, грешница и двата  беа сведоци на Исусовиот лик и дело.

Најтешко е човек да си прости себеси, замислете го невидливиот јарем на Апостол Петар откако трипати се откажал од Исус ноќта кога го уапсиле. Оние кои го истражувале ликот на Апостол Петар, велат дека бил жесток, некомпромисен, всушност по што и се забележува во сите негови списи – почувствувал колку е тешко да се отстапи од некој кој праведен, па така не е ни чудно што до крајот на неговиот живот се трудел да го исправи тоа.

Јас сум, ти си, вие сте Марија Магдалена.

Покајанието е клучот и почеток на знаењето на мудроста.

Непорочноста во светот е уште еден грев, не сме се обиделе да направиме ништо, а неработата е извор на секакви лоши мисли кои душата тешко ги поднесува.

Човечкиот инстинкт и потреба е природна, но како никогаш досега човекот не бил оддалечен од својата природа.  Ако човекот е налик на Бог зарем не треба да се однесува божествено, место тирански – да покаже знаење, разбирање. Сѐ е напишано, само треба човек да умее да прочита. На Јован Крстител му беше отсечена главата иако беше чист, Марија Магдалена не беше пречиста и сакаа да ја каменуваат, но и двајцата имаа духовни очи. Сфаќаме дека светот не прави селекција по длабочина, туку по површина. Во овој живот нема победници, има покајници за делата.

Кога Исус им кажувал на луѓето како да се молат, тој во молитвата Оче наш кажал: прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници.

golgotha 1863767 1280

Христијанството е буквално религија за љубовта, љубовта која сѐ простува. За да ни биде простени, прво ние треба да простиме. Како?  Молитвата има неверојатна моќ, да се молиме за нашите непријатели, за оние кои небитно свесно или несвесно направиле да бидеме скршени во духот.

Навидум изгледа нестварно и лабилно, но ако го следиме Исусовиот пример, кој секогаш говорел  кротко и директно, па така, кога се осудиле да ја осудат Марија Магдалена  со каменување, тој им рекол: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!“ За кратко сите се разбегале.

Моника Белучи, една од најатрактивните филмски диви ја толкуваше улогата на Марија Магдалена во филмот „Страдание“ на Мел Гибсон, семиолошки оправдано. Овој филм спаѓа во култните историски филмови, прво поради актерската екипа, а второ поради издржаноста на насловот во филмот. Многу е крвав, многу, а ѓаволот има убаво лице. Филм кој постојано е потсетник кога човечки е да се разочара човек од неправдата околу него, а ја има во галони.

Screenshot 2024 03 17 at 11 45 04 JuanCko on TikTok

Ние, луѓето, постојано осудуваме, постојано, делиме совети…

Знаете дека има луѓе кои немаат избор? Има луѓе кои никогаш не биле во поволна ситуација? Знаете дека има луѓе кои додека ги сликаме трпезите за празниците, собираат трошки по масата? Знаете дека има луѓе чија осаменост ги голтнала и постојано се борат да не се удават? Знаете ли дека има луѓе кои свесно ќе згазнат на достоинството за да се почувстуваат сакани?

Овој свет никому не му ја простил убавината, умноста, праведноста. Ако Исус го распнаа, што мислите дека некој негов следбеник, особено во оваа контаминирана доба ќе биде поштеден од искушението, кога на секој излог се продава механичка совршеност?

Секој човек си го носи својот крст од раѓање до умирање. Добро е што постои надеж, па и кога немоќни плачеме, солзите ни паѓаат нагоре. Борбата е убавината на постоењето.

10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…