sara raz

Пишува: Сара Трајчевска

Живееме во свет кој брзо се менува. Она што вчера важело за „златно правило”, денес е само лош или добар спомен од минатото. Човекот е живо суштество, енергија, вибрација и темпо кое континуирано се движи напред со времето. Често се случува да слушам разговори од типот ,,Го виде оној што направи”, ,,Е тоа не беше паметен потег” или ,,Воопшто не ми се допаѓа како се однесуваат овие луѓе” и дискусијата, односно интеракцијата на групата луѓе присутни на масата продолжува понатаму и така поминуваат часови, денови, месеци, а за некои дури и години.

Замислете колку би било времето продуктивно доколку го потрошиме на разговори кои ќе ни ја просветлат иднината, кога наместо да се замараме со животот на другиот, ќе се свртиме кон себе си и ќе си одговориме на прашањата кои не мачат или ќе направиме добра зделка на масата со пријателите, за кои понекогаш немаме идеја како навистина размислуваат и што ги мачи од празните муабети кои секојдневно се зборуваат, а понекогаш и се повторуваат. Судиме без да знаеме што се случува со оној кој го судиме, зборуваме без да знаеме што е главната причина за одредена постапка или настан, бесмислено го трошиме времето на празни муабети, без да знаеме дека времето брзо лета, а тука сме со една и заедничка цел, а тоа е да бидеме луѓе и да ги споделуваме нашите идеи со соговорникот. Не сме различни, слични сме, само имаме различни цели и фокус кои не носат на различни патишта. За да ги избегнеме ситуациите кои прават да се чувствуваме недоволни, последното што ни остана е да ги судиме останатите за постапките и делата за кои немаме идеја што ги предизвикало, потребно е да си ги подобриме комуникациски вештини и да станеме свесни за сопствената комуникација и интеракција со останатите. Културната комуникација бара од нас да станеме свесни за тоа како испраќаме и примаме вербални или невербални пораки, како ви дигиталниот свет, така и во реалноста.

За да изградиме комуникација која е соодветна со ситуацијата во која се наоѓаме потребно е да бидеме емпатични, да знаеме од каде доаѓа личноста/соговорникот и пред да одговориме да се ставиме во нејзина/негова положба. Комуникацијата е значајна не само во меѓучовечките односи, туку и во сите останати сфери на експертите. Без тренинг на комуникациските вештини, пораката нема да биде точно пренесена, а уште помалку точно сфатена.

Крајната цел е да сфатиме дека ако го оставиме егото за момент настрана и го сослушаме соговорникот, ќе сфатиме дека без разлика на статусот, занимањето и местоположбата во која се наоѓаме, ние сме сепак само човек со определено време на овие простори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…