На 15 ноември во Центарот за култура во Битола ќе се одржи 23-то издание на Детскиот музички фестивал ТРА ЛА ЛА која го носи приматот за најдобрата детска манифестација во Битола и Македонија. На фестивалот ќе учествуваат 14 нови солисти со 14 новокомпонирани детски хитови создадени од легендата на македонската естрадна сцена, Кристијан Габроски.
„Годинешното издание на фестивалот ќе биде одржано под мотото „Јас ја сакам Битола“. Во среда, 15 ноември ќе бидат организирани претстави за градинките и училиштата од нашата општина, во 9:30, 11:30 и 13:30 часот. Вечерната претстава, гала концерт на фестивалот ТРА ЛА ЛА започнува од 19:30 часот и ќе бидат поканети високи гости и делегации, изјави Тони Алексовски, директор на фестивалот.
Секоја композиција на ова издание на фестивалот ќе биде придружувана од соодветна балетска група. Ангажирани се 4 балетски групи кои ја подготвија кореографијата, а тоа се: Хип хоп студио Сања Денс скул, ТСК Спортакус, Студиото за модерни танци Expose и танцовиот спортски клуб Степ од Битола.
„Оваа година имаме прекрасен музички материјал, се надевам дека сите учесници и посетители ќе уживаат во овој незаборавен настан. Влезници може да се набават секој работен ден во билетарницата на Центарот за култура, од 10 до 20 часот. Како што вели химната на самиот фестивал „Тра ла ла, журка голема, за сите деца и од Бога благословена“. Се надевам дека навистина ќе ни биде благословена оваа најголема журка во нашиот град и се надевам дека ќе имаме голема посетеност и сите кои ќе бидат присутни на овој фестивал ќе уживаат во „ѕвезденото небо“ кое го краси нашиот град наречено ТРА ЛА ЛА и дека уште еднаш ќе докажеме дека детскиот фестивал ТРА ЛА ЛА е навистина расадникот на новите, млади музички таленти“, изјави Алексовски.