rade

Македонскиот поет, есеист, книжевен критичар Раде Силјан, односно неговото поетско творештво беше претставено  пред учениците од основните и средните училишта во Битола, професорката Милица Радевска по македонски јазик и книжевност во СОУ „Таки Даскало“ -Битола говореше за поезијата на Раде Силјан во Културно информативниот центар – Битола по повод 5 мај, ден на македонскиот јазик.

4

Учениците од билингвалната паралелка на училиштето направија препеви и интерпретираа стихови на поезија од Силјан.

Книжевниот настан го отвори директорот на КИЦ- Битола, д-р Лили Бошевска.

3

Раде Силјан е роднокраен писател кој потекнува од Жван, Демир Хисар, поднебје од каде потекнуваат најголемите македонските книжевни грамади кои се издвојуваат со својот книжевен израз, сензибилитет.

Поезијата не се толкува, поезијата се чувствува е неспорен факт.

7

Раде Силјан, односно неговото поетско творештво е емоционален, генерациски, и јазичен превалец меѓу современиот македонски израз и актуелниот младешки бунт. Читајќи ја неговата поезија само сфаќам дека од песна во песна се прочисува неговата мисла, поетската мудрост си ја донел како дар на овој свет, но било неопходно таа да се прилагоди на тековното живеење за да го забележи сензибилитетот на времето.

Како некој кој учел од него, од неговите книжевни дела, есеи, книжевни прегледи, правел поетски анализи на емоционална основа, можам  слободно да кажам дека Раде Силјан тргнал по стапалките на нашите најголеми книжевни грамади да го демистифицира македонскиот збор, која е само уште една силна веда од вселената.

„Поезијата на Силјан не е целосно ослободена од влијанието на народната песна, но не во мотивска конотираност туку во лексичкиот слој што на песната ừ дава призвук на рустикалност, автентичност, таинственост, трагање по тајните на зборот. Тука се остварува и врската со елементарните начела на скромност, етичност, моралност, припадност на колективот, на етникумот, без чие зреење е невозможно и зреењето на песната, стаменоста на поетското вишнеење. Како и во многу песни и во други тематски сфери (обредни, религиозни, житејски, социјални, филозофски) поетот се базира и се инспирира врз народната дикција, често пати со директни реминисценции на народниот поим, фолклорот и на народната лексика – рече за творештвото на Силјан, проф. Милица Радевска.

2

„Наречниците ти велат

Подалеку од друшката

Во сонот блажен

Остра кама

за тебе што точи“.

 („Отворена страница“)

„Во поетските бранувања на Раде Силјан архаичните и/или дијалектни јазични единици се изгравирани во филиграните на интимното, мисловното-поетската слика е рефлексија на еден живот исполнет со митски и магиски скажувања.Тоа е особено впечатливо во песната „Од камен тесто правиме“. Оваа згусната метафора надоаѓа како поплава по пролетните дождови, како водоврик во прелозите достојности- од трици не се прави погача/ или уште посуштински библиската парабола- куќа изградена на песок е тело без душа- Лексемите семе, предци, милост божја, аманет, се во состојба на парадоксално очудување. „А ноќе/ чудни ветришта/ на гладни усти/ и жедни очи/ го раздавале“- тоа раздавањето на себството, на коренот, на родот создаваат според поетот скаменети состојби на битот – говореше проф. Милица Радевска.

Песната „Лажно време“  – Р. Силјан се закрилува и се извишува високо не само како бунт, туку и како пророштво кон зачмаеноста на умот, затоа што никако да се свестиме дека она што ни е  дадено за дар да го славиме, а не ко крст да го носиме како казна. Внимателно прочитајте ги стиховите, ќе откриете веројатно што сакам да кажам.

Си имаме море несолено

Си имаме поле неорано

Си имаме народ за броење

Си имаме жени доилки

Си имаме семе изртено

Сѐ си имаме

И време за распродажба

И деца за прокуда

И сонце што не заоѓа

Си имаме море несолено

Си имаме многу татковини

Сѐ си имаме

А утре

Можеби народ ќе немаме

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…