kup agim tafili 2023 насловна

Велосипедскиот клуб „Пелистер 15 ти мај“ од Битола учествуваше на „Купот Агим Тафили 2023“ во Скадар, Албанија. Купот се одржа на 5-6 мај во категорија U23 Elite/Junior. Првата етапа беше во должина од 122.6 км, додека втората се возеше во должина од 108 км. За велисипедскиот клуб „Пелистер 15 ти мај“ од Битола учествуваа Кирил Марковски и Петар Трајкоски придружувани од тренерот Африм Јусуфи.

Екипата на Читај бе имаше можност да присуствува на двете трки заедно со тимот на Велосипедскиот клуб „Пелистер 15 ти мај“ и од прва рака да види како се организира една меѓународна велосипедска трка заедно со сите елементи кои се потребни за успешно и безбедно да се одвива и да заврши трката.

Организаторот, Албанската велосипедска федерација, беше на ниво на задачата, со многу високо ниво на организацијата, но и на безбедност која е од огромно значење за самите велосипедисти кои ја возат патеката, кои во еден момент, на надолниот дел од патеката развиваа брзина и до 90 километри на час. Исто така, втората етапа од трката се одвиваше во ридско-планински дел, кој изобилуваше со многу свиоци, но и стрмни угорнини. Ваквата патека е голем предизвик за велосипедистите, па затоа тука од големо значење е и придружбата која со автомобил вози зад нив и во секое време ги обезбедува со вода, храна и се што е потребно за време на трката. Исто така, оваа патека беше уживање заради планинскиот предел, но и глетката кон Скадарското езеро.

Инаку, купот во Скадар беше подготовка за големата трка која што наскоро ќе се одржи, Тур де Албанија.

Фотограф: Саше Богоевски

jk kipar carter
meblo trejd kosilka na barerii
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…