denesni deca

Како современата технологија делува врз развојот на мозокот кај децата? Што треба, и тоа веднаш да се менува во поглед на воспитувањето и образованието на нашите деца?

Д-р Ранко Рајовиќ, специјалист по интерна медицина и неврофизиолог, основач на МЕНСА на Балканот говори токму на оваа тема веќе со години.

viber image 2023 05 19 10 56 45 713
meblo trejd cesmi во боја

„Мозокот на нашите деца видно се менува. Во прашање е долг период откако наставниците и воспитувачите алармираат дека секоја следна генерација која се запишува во прво одделение е малку послаба за разлика од претходната – изјавува д-р Рајовиќ“.

„Моториката им е послаба, општите знаења им се послаби, себични се, емпатијата им е слаба. Имаше идеја направените истражувања од медицината да се применат во практичната педагогија. Веќе одамна е видливо дека нешто не е во ред со однесувањето на учениците. Врсничкото насилство расте во цела средна Европа. Зголемен е размерот на врсничко насилство во Словенија. Каде што досега не бил на толку високо ниво – продолжува д-р Рајовиќ“.

Д-р Рајовиќ вели дека не можеме да го обвиниме само интернетот и ријалити програмите, затоа што сите ние како општество имаме моќ да влијаеме врз децата.

„Прво да почнеме од родителите, тие се најодговорни, со оглед дека тие му се првото опкружување на детето. Опкружувањето е 100% важно за развојот на детето, порано се тврдеше дека 50% е генетиката, а 50% опкружувањето, но не е точно. Генетиката е 100% потенцијал, но развојот на детето зависи 100% од опкружувањето. Во нашето општество имаме преголемо презаштитување, тоа е социолошки феномен. За да ја објаснам реакцијата на родителите,  на пример на мајките, морам да ги објаснам хормоните, затоа што тие управуваат со нас, со самото тоа и на нашето однесување. Кога мајката ќе го роди бебето, добива огромна количина на окситоцин – хормонот на љубовта. Тоа е природен начин преку кој мајката го заштитува новороденчето. Ако бебето плаче, кој оди прв да го види – мајката или таткото? – Па, мајката. Кога бебето ќе застане на нозе- кој прв скокнува? – Повторно мајката. Очигледно окситоцинот управува со мајката, затоа се јавува презаштитување, а таткото е тука за да го неутрализира. Некогаш  мајките имале две, три или десетина деца, па ова не било видливо – вели д-р Рајовиќ“.

viber image 2023 05 19 10 56 05 898

Родителски грешки

„Прва грешка: розова соба за ќерките, а сина за синовите. На професорот Визел му е доделена Нобелова награда кој истакна дека контрастот е најголема стимулација за развивање на детскиот мозок. Бебињата околу 30 дена не гледаат скоро ништо, па дајте им контрасти. Втора грешка, типична за мајките е бебињата да ги притиснат за градите и тоа е најзаштитената положба, среќа, тука е таткото кој го врти детето низ раце. Доколку главата на бебето не се  движи, не може да се поврзи со рамената и нозете, така што, држете му ја главата на бебето, но не му ја фиксирајте, битно е поради стимулација. Да се заштити детето е добро, но не да се презаштити. На тој начин мозокот добива намален број на импулси и некои мозочни подрачја се намелени. Фром, уште во минатиот век пишуваше за потрошниот менталитет, и  имаме деца кои живеат со „отворени усти“. Не се учат да почекаат, мора да имаат најдобри патики, играчки… Па, потоа во пубертетот, ако нешто не може детето се создаваат фрустрации, прагот на толеранција е нула…ете, така ги подигнуваме нашите деца- продолжува Рајовиќ“.

Родителите од детето бараат успех, па затоа го праќаат на една, две, дури и пет воннаставни активности.

 Детето е како мал робот, оди на разни активности, а неговиот мозок работи поинаку и не може да издржи, а издржува за да не ги разочара родителите. Детето има специфичен мозок кој работи на бранови, што значи дека мора да живее, види, провери и да навлезе во длабоките подрачја на неговиот мозок. Дете од пет години стои на прозорец, ја гледа птицата како слетува, зема неколку зрна и одлетува, детето го забележува секој детал, и тоа му се врежува во мозокот. Порано детето морало да биде овде, да го гледаме во просторијата, поради физичката безбедност. Така и остана, но денес детето добива таблет, компјутер и влегува во непознат свет. Игралиштата и парковите се преселија во телефоните.

viber image 2023 05 19 11 02 56 378

Светот кој е важен за развојот на мозокот се претвори во свет на агресија. Не е сѐ негативно на  интернет, има овде и корисни работи, но децата не ги посетуваат. Тие ги посетуваат содржините со негативна содржина, агресија, и кога одат во тој виртуелен свет, нормално мозокот тоа и им го обработува. Ние знаеме дека тоа е измислено, но мозокот на таа содржина реагира. Контролата на емоциите кај децата е видно намалена. Децата се развиваат без чувство за емпатија. Мозокот е прилагоден да прима и обработува информации. Пред 100 години, детето примало две важни информации во текот на еден ден: дојде баба, правиме гибаница или овцата побегна, па одиме да ја бараме. Со појавата на радиото се зголеми бројот на информации, па појавата на телевизијата, се создаде несопствена драматичност, и појавата на интернетот. Прво беше на компјутер, па сега на телефон, дотокот на информации е пребрз, не само за детскиот мозок, туку за сечиј мозок. Јас би забранил користење на мобилен телефон до четврто одделение, затоа што предизвикува само штета, нема никаква корист, може и подоцна да се употребува, но, никој не ме слуша – вели д-р Рајовиќ.

Оттука произлегува оттуѓеноста меѓу луѓето. Постојано се говори за активно родителство, активно слушање од страна на воспитувачите, наставниците и професорите.  Емпатијата е нешто кое децата или учениците треба да го видат, почувствуваат од возрасните. Новите генерации имаат нови животни предзвици со кои се соочуваат, некогаш е доволно да ги сослушаме.

jk travel leto 24
Раскажи ми приказна: Професорката Змија Наочарски
Автор: Јордан Николов На професорката Змија Наочарски цело време ѝ студело. Без …
Зошто ги земаме здраво за готово оние кои се секогаш тука за нас?
Во секој од нас има една лоша работа. Секогаш гледаме на она …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…