жени

Денеска во спортската сала „Боро Чурлевски” по повеќе години повторно се собраа кошаркарките на ЖКК „Пелистер” кои во периодот од 1998 до 2004 година го носеа дресот на клубот. Одиграа мини натпревар, се потсетија на времето кога беа конкурентни на скопските екипи и успешно се натпреваруваа во Првата македонска лига предводени од тренерите Диме Неделковски, Горјан Стојановски и Менела Бабука. Во тој период женската кошарка во Битола беше на високо ниво, постојано пласманот беше меѓу првите 3-4 екипи.

viber image 2023 05 20 14 28 44 373

-Повторно се вративме онаму каде ги започнавме првите чекори во кошарката. Се присетивме на натпреварите во минатото, патувањата и подготовките пред сезоната, ни изјавија девојките.

viber image 2023 05 20 14 28 47 315

На денешната средба беа присутни: Ирена Здравкова, Емилија Неделковска, Јасмина Кочовска, Гордана Треневска, Маја Атанасовска, Јулијана Ѓоргиевска, Гордана Атанасовска, Елена Тодоровска, Надица Галовска и тогашниот секретар на клубот Владимир Прчков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…