strumica exit

Големиот градски парк во Струмица вечерва ќе биде домаќин на големата Get EXITed забава, која почнува во 20:00 часот, а влезот за посетителите е бесплатен. Настанот ќе понуди целосна вечерна програма со познати имиња од домашната, регионалната и светската сцена.

Вратите на паркот се отвораат во 19:15 часот, а прва на сцената ќе настапи Александра Јанева од 20:00. Во 21:30 ќе свири легендарниот бенд Бајага и Инструктори, додека во 23:00 следува настапот на актуелната регионална сензација Бејби Лазања.

По полноќ, во 00:30, ќе се одржи настапот на светски познатиот ди-џеј и продуцент Џекс Џонс, а вечерта ќе заврши со сетот на БДМ од 02:00 часот.

Според најавите, посетителите ги очекува пријатна летна ноќ со идеални услови за концерт на отворено. Организатори на настанот се ЕГЗИТ тимот и Општина Струмица, кои најавуваат спектакуларна вечер со илјадници гости во Големиот градски парк.

Битола ќе ја добие првата „Пивска милја“ во Македонија
Битола ова лето ќе биде домаќин на уникатен спортско-забавен настан кој за …
Игри кои ја развиваат интелигенцијата кај децата
Познато е дека периодот до седмата година е период на најголем раст …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…