kamp 21

Од 20 до 27 јули, на брегот на Преспанското Езеро во Хотел LakeView – Отешево, со благослов на неговото високопреосвещенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски, г-дин Петар, се одржа Православен  христијански летен камп „Свети Нектариј 2025″. Летниот камп беше организиран од и со поддршка од благочестиви семејства од дијаспората и Македонија, вклучувајки и волонтери и поддршка од Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД).

Кампот ги обедини 45 деца на возраст од 9 до 17 години, вклучувајќи деца од Македонија, македонската дијаспора и деца од социјално ранливи семејства.  Меѓу учесниците имаше и деца со македонско потекло од Романија, Швајцарија, Словенија и САД, кои се зближија преку заедничка љубов кон верата, културата и татковината.

Во текот на осум дена, децата живееја во здрава, духовно – образовна средина, инспирирана од Православната христијанска вера, библиските морални вредности и македонското културно и национално наследство.

Програмата вклучи:

• Дневни часови за православна вера, морал, македонска историја, хигиена, cпорт, здравје и кулинарство

• Посети на историски цркви и манастири во Преспа и Охрид

• Активности како пливање, планинарење, хорско пеење, македонско оро, православна уметност и музика


Децата беа водени од посветен образовен и едукативен тим составен од теолози, наставници, лекари, фармацевти, историчари, и духовниот отец од Преспанско-Пелагониската епархија.  Кампот понуди програма од духовен и морално воспитен карактер, во духот на љубовта, соборноста и верата.

“Оваа недела беше благослов за сите нас – гледавме како децата се менуваат, се поврзуваат, и со радост го откриваат значењето на православието и македонските корени,” истакна еден од организаторите на кампот.

Правила и организација:

• Главниот јазик на кампот беше македонски, а децата имаа поддршка од говорници на англиски, германски н словенечки

• Мобилните телефони беа дозволени само 30 минути навечер за контакт со семејствата


За кампот „Свети Нектариј Битолски”:

Овој камп има мисија да ја негува Православната вера и македонскиот национален и духовен идентитет на нашите млади.  Кампот „Свети Нектариј” создава мост меѓу децата од татковината и дијаспората, градејќи пријателства и духовни вредности кои ќе траат цел живот.

Средба на Архипископот со учесниците на камп Свети Нектариј Битолски

По завршувањето на летниот камп „Свети Нектариј Битолски 2025″, на 29.7.2025 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари срдечна средба со дел од учесниците и организаторите на православниот камп во просториите на Македонската Архиепископија во Скопје. На средбата присуствуваше и директорката на КОВЗРГ – г-ѓа Оливера Трајковска.

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет?
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…