tesla

Никола Тесла (1856-1943) е еден од најголемите научници на сите времиња, кој за жал, признанието го дибол после својата смрт.

Ја откри наизменичната струја, а неговите пронајдоци придонесоа за развој на безжична комуникација, ласери, рентген, радар, осветлување, роботика…

Еве дел од неговите мудрости:

  1. Нашите доблести и нашите неуспеси се неразделни, како силата и материјата. Кога ќе се разделат, нема веќе човек.
  2. Оставете ја иднината да ја каже вистината, судете го секој човек според неговата работа и заслуги. Сегашноста е нивна, но иднината е моја, за која толку напорно работев.
  1. Човекот мора да практикува умереност и контрола на своите сетила и склоности во секој поглед, за да се задржи себеси млад по телото и умот. Воздржаноста не беше секогаш по мој вкус, но моите искуства беа голема награда.
  2. Човекот е роден да работи, да страда и да се бори. Кој не го прави тоа, мора да пропадне.
  3. Проучив многу јазици, студирав литература и уметност и ги поминав моите најдобри години во библиотеки читајќи се што ќе ми дојде до рака и чувствував дека губам време, но набрзо сфатив дека тоа е најдоброто нешто што некогаш сум го направил.
  4. Од сите „сили на триење“, онаа што најмногу го забавува човечкиот напредок е незнаењето, она што Буда го нарекува „најголемото зло на светот“.
  5. Најважниот производ на креативниот ум е пронајдокот. Неговата крајна цел е умот да ја разбере природата и да ги искористи нејзините моќи за потребите на човештвото.
  6. Ако се обидам да продолжам да го прекинам текот на мислите, чувствувам вистинска духовна мачнина, тогаш неволно се префрлам на друга работа, изненаден од свежината на мојот ум и леснотијата со која ги надминувам пречките кои претходно ми ги расипуваа пресметките. И редовно наоѓам одговори на тешки прашања со минимален напор.
  1. Ако не знаете како, набљудувајте ги феномените на природата, тоа ќе ви даде јасни одговори и инспирација.
  2. Ако вашата омраза може да се претвори во струја, ќе го осветли целиот свет.
meblo trejd mialnici 2
Четири типа енергетски вампири и како да се заштитите од нив
Секој, барем еднаш во животот, бил жртва на емоционален, енергетски вампир. Тоа …
Подемот на вело-градовите: Како урбаното планирање го поттикнува возењето велосипед
Градовите ширум светот стануваат сè попријателски за велосипеди, бидејќи урбанистите и креаторите …
You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…