strumica exit
Струмица по четврти пат ќе стане центар на регионалната музичка сцена, кога оваа година на 7 септември ќе се одржи големата Get EXITed забава која редовно собира илјадници посетители од цела Македонија и регионот. Публиката ја очекува незаборавна вечер во која на иста бина ќе се одвиваат настапите на светската диџејска суперѕвезда Џекс Џонс и регионалните ѕвезди меѓу кои се Бејби Лазања, еден од најбараните изведувачи на нашите простори, како и легендите на регионалната рок сцена, Бајага и Инструктори.

Сега веќе традиционално, фестивалската манифестација ќе се одржи во  Големиот струмички парк, а влезот ќе биде слободен за сите посетители.
Со милијарди стримови и хитови што ги освоија топ листите низ целиот свет, Џекс Џонс денес е еден од највлијателните диџеи и продуценти на глобалната музичка сцена. Познат по заразните мелодии и хитови како „You don’t know me“, „Instruction“, „All Day and Night“, „Breathe“, тој оствари бројни соработки со светски музички ѕвезди како што се Raye, Demi Lovato, Mabel, Charli XCX, Saweetie, MNEK и Calum Scott. Автор е на глобалниот хит „I Got U“, создаден во соработка со Duke Dumont, кој му донесе номинација за престижната Греми награда. Со неговиот настап во Големиот струмички парк ќе биде обележана уште една незаборавна летна забава под отворено небо проследена со неверојатна енергија.
  ffe609fc 7ec0 592a 9f2e 23c5db18cfee *Photo: EXIT Promo
Шампионот на регионалната музичка сцена, Марко Пуришиќ познат како Бејби Лазања, во последните две години ја освои европската музичка сцена со уникатен стил и енергични настапи. Големиот успех го постигна по учеството на Евровизија 2024 со песната „Рим Тим Таги Дим“, која на финалната вечер доби најмногу гласови од публиката. Оваa година, концертната сезона го води од Нова Рок во Австрија и фестивалот 2000 Тrees во Велика Британија, преку Forestland и настапот во Трогир на кулата Камерленго, па сѐ до Единбург на крајот на август, по што тој пристигнува во Струмица. Таму публиката ќе има прилика да се присети на популарната евровизиска кореографија и да ги чуе во живо неговите најголеми хитови. Публиката на EXIT фестивалот особено го памети спектакуларниот настап од минатата година, кога Бејби Лазања на нултиот ден, во емоционална атмосфера, на крајот од настапот од Главната сцена изјави дека тоа му е најдобриот концерт во кариерата и најголемата сцена на која некогаш настапил.
0145a19f f141 af9f de3e 790dd15e3b9d 1c35ffad 0291 b8d0 7767 9e0ea7dbe044
Еден од највлијателните и најпопуларните регионални музички состави, Бајага и Инструктори, оваа сезона има регионална турнеја, а по импресивниот концерт во Романија, следната станица е токму Струмица. Нивниот настап на Get EXITed ќе ги донесе вечните хитови што веќе со децении ги спојуваат генерациите, од раните класици па сè до песните што и денес ги полнат стадионите. Хитовите на Бајага и Инструктори, обликуваат дел од музичката слика во регионот, а често остануваат како личен спомен за милиони луѓе и со тоа го потврдуваат својот статус на самиот врв на регионалната музичка сцена.

По досегашните три изданија што на публиката ѝ понудија богата и разновидна музичка програм, Get EXITed и Општина Струмица и оваа година продолжуваат со истиот квалитет и динамика да создаваат програма која обединува различни музички светови. Во текот на изминатите години, Струмица ги пречека големите имиња од светската и регионалната сцена како Џон Њуман, Бурак Јетер, Дебора Де Лука, Сенида, Махмут Орхан, Констракта, Ван Гог, 2Бона и многу други, привлекувајќи илјадници посетители.

Следејќи ја традицијата, оваа година, Get EXITed забавата во Големиот градски парк на 7 септември носи нови изненадувања и извонредни настапи. Од првите тактови па сè до раните утрински часови, публиката ќе има прилика да ужива во моќни поп-мелодии збогатени со гитараски рифови и енергичен рок, а надополнети со актуелниот светски електронски звук. Останатиот дел од целосната програма ќе биде познат наскоро.
Вознесение Христово Спасовден
Православната црква го празнува празникот Вознесение Господово, кај народот познат како Спасовден. …
Животот и со криви линии може да напише вистинска приказна
Во животот, некогаш тишината му одговара на човек повеќе од сѐ, веројатно …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…