Репортажа на Славчо Неделковски
Во Грузија постои верување дека секој гостин е подарок од Бога. Таа филозофија најдобро се чувствува во нејзината престолнина, Тбилиси — град кој веднаш ве прегрнува со својата топлина и неверојатна кулинарска магија. Додека над реката Кура се спушта предвечерието, градот се буди во звуците на наздравувањето и мирисите на традиционалната кујна. Помеѓу топлите сулфурни бањи по кои градот го добил името и живите градски плоштади, Тбилиси нуди патување кое ги задоволува сите сетила. Подгответе се за прошетка низ град кој има вкус на добро вино, мирис на топло хачапурии душа која долго ќе ја паметите.

Подготовки за патување.
Патувањето во Грузија е едноставно но подготовките за искусен патник се неопходни и се тоа со цел да уживате во секој миг од ова волшебно патување. Македонија и Грузија немаат визен режим што значи дека потребен ви е само вашиот пасош кој треба да е валиден повеќе од 90 дена при влезот во Грузија. Не често престојот може да ви биде одобрен и на 1 година без разлика дали патувате службено или туристички. Измените од 2026 година налагаат задолжително патничко т.е. здравствено осигурување за деновите на престој кое треба да не е на износ помал од 10.000 евра а во Македонија за 25 евра имате патнички осигурувања кои покриваат износ од 30.000 евра.
И тоа е се. Ако имате редовна терапија на лекови во Грузија ќе ви побараат документ од матичниот лекар преведена на англиски јазик. И тоа е се. Патувањето од Македонија за одморот да ви започне од Скопскиот аеродром најпрактично е со Туркиш затоа што оваа компанија има редовни 3 летови од Скопје до Истанбул – меѓународниот аеродром и три до пет летови од него кон Тбилиси.
Она што е корисно да го знаете е и дека во Грузија се се плаќа во нивната национална валута Лари и убаво е да имате ситни евра или долари кои би ги смениле во менувачниците на аеродромот во Тбилиси. Генералниот совет иако тоа е принцип на навика е својот буџет да го распределите 50 – 50 т.е. половина од средствата во кеш а другата на картица. Ова секако налага претходно да обезбедите и хотелско сместување во срцето на стариот град кое е во радиус од 50 до 70 евра од вечер со појадок.

Факт за Грузија. Нема нормално такси и најчесто да се избегне возење на црно кое некогаш чини и 5 пати повеќе од редовната цена е да ја симнете апликацијата Bolt која е најбезбедниот начин на трансфер низ градот а доколку сакате да патувате тогаш за тоа користете ја платформата GoTrip. GoTrip секако е за оние екскурзии кои ги планирате и совет е закупот на шофер и возило да го направите барем една недела пред да допатувате во Грузија. Цените се фер а шоферот ќе ве контактира веднаш по букирањето а и 24 часа пред патувањето со цел да нема измени во вашиот план. Се плаќа откако ќе заврши вашата посакувана тура во лари и со тоа процесот е завршен.

Основен совет е и дека поевтиното не секогаш значи подобро. Затоа потрошете некое евро плус и закупете теренско возило освен ако не сакате на голем дел од дестинациите да пешачите и до 2 часа до точката на вашата посета. Теренското возило ќе ве однесе директно до манастирот – кањонот или винаријата.

Oна што не е некултурно е да прашате и дали вашиот хотел има агрегати за електрична енергија затоа што во лето кратките прекини не се толку чести колку што знаат едноставно да нервираат.

Хотелот ви е и трета опција за превоз затоа што секој има своја превозна компанија со која соработува. Малку е поскапа од Bolt но е поефикасна – побрза и сумата се генерира на вашата хотелска соба. Воедно ова е Грузија – каде гостопримството кон гостинот е пред се. Можете слободно да побарате т.е. замолите ако патувате да кратки дестинации шоферот да ве причека и врати во хотелот и тоа не 5 или 15 минути ами 45 до 1 час.

Добар дел од локациите се подалеку до центарот па сумата на Bolt ќе би дојде идентична со онаа од хотелскиот трансфер.








