gruzija naslovna

Тбилиси е релативно мал град и ако престојувате повеќе од 4 дена ќе ја имате потребата од прошетки кои ќе ги реализирате преку GoTrip.

Општо

Со цел да се запознаете со културата на локалното население и строгите сообраќајни правила започнете со стариот град. Посетете ги сулфурните бањи. 15 минути пешачење и веќе сте таму а со тоа и ја учите првата лекција – како Тбилиси го добил своето име.

општо 12

Градот го добил името по зборот „тбили“ (თბილი), што на грузиски јазик значи „топло“. Наставката „си“ означува место. Така, Тбилиси во буквален превод значи „Топло место“ или „Град на топлите извори“.

Овие термални сулфурни извори и денес се наоѓаат во срцето на Стариот град, во познатиот кварт Абанотубани (населба на бањите), каде што сè уште работат традиционалните куполи со бањи.

Навлезете по должината на реката и ќе го видите импозантниот водопад на сред град.

поглед 01

Доволно за на враќање да го посетите Meidan Bazzar кој е лоциран како подземен пазар – антикварници и сортни вина под плоштадот кој од персиско време го нарекуваат Мејдан.

Во Тбилиси можеби нема такси, но има сообраќајна полиција. Почитувајте ги сите сообраќајни правила особено ако сте пешак. Казната се доставува веднаш и наплаќа на лице место. Затоа прописно користење на пешачките премини, помалку “портокалевo” светло за премин на сообраќајница и трпение при премин на многубројните булевари каде препорака се подземните премини кои се најбезбедни и ги има на секои 100 метра.

Поглед Мајка Грузија

Откако ќе ја преминете реката со жичарата посетета ја Мајка Грузија.

зип до мајка Грузија 1

Скулптурата е висока 20 метри и е изработена од алуминиум. Таа ја претставува традиционалната грузиска национална облека и во своите раце носи два симболи кои совршено го дефинираат менталитетот и карактерот на грузискиот народ:

Грузија Мајка

– Чаша со вино во левата рака: Наменета за оние кои доаѓаат како пријатели и гости. Ова го симболизира прочуеното грузиско гостопримство и љубовта кон дружењето.

Мајка Грузија 1

– Меч во десната рака: Наменет за оние кои доаѓаат како непријатели и освојувачи. Ова ја симболизира вековната борба на Грузијците за слобода и нивната непоколеблива храброст да ја бранат татковината.

Поглед од М Грузија 1

Жичарата тргнува од паркот Рике, преминува преку реката Кура и ве носи директно на врвот на ридот за само неколку минути. Ова возење нуди спектакуларен панорамски поглед на целиот град. За 50 денари во еден првец добивате персонализирана пластична картица која може да ја надополнувате и користите и за другите 2 жичари но и јавниот превоз низ Тбилиси како автобусите и метрото.

Откако ќе го погледнете Тбилиси на дланка спуштете се и посетете ја црквата од вашата десна страна.

поглед од М Грузија 2

Во вообичаена посета би ви сугерирал да ја посетите тврдината Нарикала е изградена уште во IV век под името Шурис – Цихе (Непристапна тврдина). Потоа била проширувана од Персијците, Арапите и грузиските кралеви во текот на вековите.

You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…

Репортажа од Божиќниот маркет во Нирнберг – вториот по посетеност настан во Германија по Октоберфест

Репортажа на Љубица Петковска Нирнберг е најдобро чуваната тајна на Германија. Вториот…