gruzija naslovna

Денешното име го добила од Монголците и потекнува од зборот „нарин-кала“, што во превод значи „Мала тврдина“. Најголемиот дел од ѕидовите што ги гледаме денес датираат од XVI и XVII век, бидејќи големиот земјотрес во 1827 година уништил добар дел од внатрешноста на комплексот кој моментално е под голема реставрација и не е отворен за јавноста.

Тврдина и Мајка Грузија

Затоа не смее да се пропушти посетата на црквата Црквата на Рождеството на Пресвета Богородица во Метехи е официјалното и целосно име на величествениот катедрален храм што се издига на карпата Метехи.

зип до мајка Грузија 2

Црквата што ја гледаме денес е изградена од грузискиот крал Деметре II помеѓу 1278 и 1289 година, но самата локација крие многу подлабоки и помрачни приказни.

Горгасали 1

Првичниот храм: Првата црква на ова место била подигната уште во V век од кралот Вахтанг Горгасали (основачот на градот чиј споменик е во предворјето на црквата). Таа била целосно уништена од Монголците во 1235 година пред да биде возобновена.

Во текот на XVII и XVIII век, околу црквата била изградена силна тврдина, а самите конаци Персијците и Турците ги користеле како касарна. Во царскиот руски период и подоцна за време на Советскиот Сојуз, комплексот Метехи бил претворен во озлогласен затвор каде што биле затворани политички дисиденти (меѓу кои и познати писатели и револуционери).

Дури во 1930-тите затворот е срушен, а црквата за малку ќе била срушена од комунистичките власти, но ја спасил отпорот на грузиските интелектуалци. Дури во 1988 година објектот е вратен на Грузиската православна црква. Внатре во црквата се наоѓа едно од најсветите места за Грузијците — гробот на Света Шушаник, маченичка од V век која била убиена од нејзиниот сопруг (кој преминал во зороастризам) бидејќи одбила да се откаже од христијанската вера. Нејзиното житие е всушност најстариот преживеан пишан литературен споменик на грузиски јазик.

Продолжува…

banner JKTravel
Човек на човека му е волк – ама во јагнешка кожа
Пишува: Маја Богоевска „Homo homini lupus est“ – човек на човека му …
Родителите денес поминуваат повеќе време со децата, но се почувствуваат поосамени од кога било
Денешните родители, особено од генерацијата наречена миленијалци, никогаш не биле толку вклучени …
You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…

Репортажа од Божиќниот маркет во Нирнберг – вториот по посетеност настан во Германија по Октоберфест

Репортажа на Љубица Петковска Нирнберг е најдобро чуваната тајна на Германија. Вториот…