gruzija naslovna

Најавете во хотелот кога пристигнувате за да ве пречекаат со подготвена соба. Она што е клише како час на одјава и пријава во Грузија не важи. Едноставно оставете персоналот на хотелот да се погрижи за вас.

град 5

Појадоците се прилично доцна. Од 8:3O – 9 до 10 па и 11 часот. Грузиските хотелиери имаат чудна навика па прво се чистат собите на оние гости кои заминуваат па се пријавуваат и сместуваат новите гости и вашата соба може да не биде исчистена дури и до 14 часот што не е причина за паника. Едноставно ако сте ранобуден – најавете на рецепција дека сакате рано чистење и додека сте вие на појадок вашата соба ќе биде целосно подготвена.

град 6

Па. Најчесто ќе станете пријател со хотелскиот персонал затоа што освен што ќе може да појадувате порано вие речиси и нема што да правите до 11 часот. Имено официјалното работно време во Грузија е 10 часот што значи рестораните и кафе баровите отвораат во 11 па дури и 12 часот но затоа пак за љубителите на ноќниот живот подобрите ресторани и дискотеки работат до раните утрински часови.

град 7

Оваа чудна девијација во работните часови треба да ја доживеете како корисна затоа што Тбилиси нуди мал милион атракции на отворено кои немаат работно време а и ќе ве натера малку да пешачите.

град 8

Имено затоа сместувањето во стариот град е и најгорисно. Сите знаменитости ви се пред нос а најоддалечените на 1.5 до 2 километри пешачење. И не верувајте на Google maps каде се е рамно. Тбилиси е проугоре и проудолу место па носете удобни обувки.

Менувајте евра или долари само во порелеватни менувачници т.е. оние кои не се во срцето на стариот град. Носете со себе Пасош и немој да бидете изненадени ако ви посакаат “Прво добредојде во Грузија” затоа што системот го следи секој еден патник. Во основа за 100 евра треба да добиете нешто над 300 лари. Но замолете пред да ги предадете вашите евра да ви напишат колку лари добивате за 100 евра и дали на нив има провизија. Играта со 10 до 15% провизија не е нелегална туку дискреционо право на менувачницата па побарајте да ви одговорат на тоа прашање кое е апсолутно легитимно и културно.

град 11
град 9

Службеникот ќе ви даде 3 банкноти по 100 лари и замолете едната да ви ја раситне. Првиот ден е ден познат и како “немам ситно” па убаво е да имате во џебот метални 1 и 2 лари и книжни 5 – 10 и 20 лари. Помалите кованици се викаат тетри но ретко се користат во угостителството но имајте ги со себе.

You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…

Репортажа од Божиќниот маркет во Нирнберг – вториот по посетеност настан во Германија по Октоберфест

Репортажа на Љубица Петковска Нирнберг е најдобро чуваната тајна на Германија. Вториот…