Од 5 – 14ти август во Ниш традиционално се одржа Меѓународниот џез фестивал – Нишвил, кој е најпосетуваниот џез фестивал во Југоисточна Европа.

Фестивалот се одржува во текот на август на повеќе локации во Нишката тврдина и надвор од неа. Има голем број на работилници, изложби и сцени: Главна сцена Земја/Небо, Сцена на полноќен џез денс , Отворена сцена, Речна Сцена, Младинска Музеј Сцена, Матине Сцена, Сцена Кристина, Филмска Сцена, Хип хоп Сцена, Џез сцена за деца…

DSC 0437 01 1536x1024 1
Стефанија & Владимир

Како дел од фестивалот на 12.08.2022 на Младинската Музеј Сцена, со музички-танцов перформанс, настапија Стефанија & Владимир. Танчерките во нивна придружба, Ангела Петровска и Сања Лазаревска се дел од Анастасија Центар (Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц) – Битола. Костимите ги изработи модната дизајнерка Анастасија Зулевска. Фотографии – Миљана Цветковиќ.

DSC 0534 01 1536x1153 1

Музичкото дуо „Стефанија & Владимир“ е македонско – српско дуо кое настана во 2019та година. Во 2020та година започна процесот на снимање на нивниот музички албум „Трилогија“, кој се состои од 30 песни и се снима во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World”. Стефанија е главен вокал, композитор, текстописец, аранжер и продуцент, а Владимир се појавува како гитарист, вокал, текстописец и аранжер. Нивниот печат е авторска музика, длабоки текстови кои пренесуваат животни пораки, танцова експресија и препознатлив моден стил. Тоа е причината за учеството на современи танчери како дел од нивните перформанси.

DSC 0432 01 2000x1501 1

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…