Монографската студија „Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски ќе биде промовирана во сабота, на 31 октомври, со почеток во 16 часот во Бар Општина.
Книгата отвора поглед кон еден од најзагадочните настани во поновата македонска историја – атентатот врз Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, настан што остави длабока трага во политичката историја на државата и отвори бројни прашања што и денес предизвикуваат интерес.
Промоцијата ќе биде можност за запознавање со монографската студија и разговор за настанот, неговото историско значење и прашањата што продолжуваат да ја интригираат македонската јавност.
Настанот го организира Book’s House.
„Тра ла ла“ повторно ја исполни Битола со детска песна, музика и насмевки
Во Центарот за култура во Битола, на 6 ноември, се одржа 26. …
Грижа за душата – Свети Серафим Саровски
Телото на човекот е како запалена свеќа: свеќата мора да гори, а …








