На 25 октомври 2026 година, на мотокрос патеката „Орман“ во Скопје, се одржа третата и воедно последна трка од Македонскиот шампионат во мотокрос за сезоната 2026.

Младиот и талентиран мотокрос возач Стефан Ѓоргиевски го освои првото место во класата МХ85, со што ја круниса успешната сезона и ја освои титулата државен шампион на Македонија во класата МХ85 за 2026 година.

Стефан е ученик во ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола, каде што покрај училишните обврски, успешно ги гради и своите спортски успеси. Неговата посветеност, упорност и љубов кон мотокросот се доказ дека со многу труд и дисциплина можат да се остварат големи цели.

Овој успех претставува гордост за неговото училиште, семејството и клубот, но и поттик за понатамошни спортски достигнувања.
Честитки за Стефан Ѓоргиевски за освоената шампионска титула! Му посакуваме уште многу победи, успеси и нови шампионски моменти!








