ivo andric.naslovna

Иво Андриќ е добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Неговите теми најчесто биле на теми поврзани со неговата родена Босна за време на отоманското владеење. Неговата родна куќа во Травник е музеј, како и неговиот стан во Белград кој е домаќин на „Музејот Иво Андриќ“ и „Фондацијата Иво Андриќ“. Зад себе има голем број значајни дела и е еден од ретките чии речиси сите дела се здобија со популарност, покрај најпознатиот роман „Мостот на Дрина“. Овој роман е за минливоста на животот, но Андриќ вешто пишувал и за љубовните и едукативните теми. Во 1961 година, Андриќ ја доби Нобеловата награда за литература и останува запишан во историјата на истакнатите писатели на едно тешко време.

ivo andric.2

Неговата рака го напиша она што го диктираше неговиот ум и така настанаа едни од најубавите цитати за животот, пријателството и љубовта. Меѓу незаборавните цитати се оние запишани во книгата „Знаци покрај патот“, која е омилено четиво за многу генерации.

1. Младоста е среќна доба во која човекот почнува да верува во себе, а сè уште не престанал да верува во другите.

2. Оној што не го вади нежното цвеќе на својата душа на ветриштата на искушението, дури и да го спаси целосно и да го однесе до крај, како никогаш да го немал.

3. Рана која е скриена, бавно и тешко зараснува.

4. Поубавата душа подлабоко липа.

5. Она што не боли – не е живот, што не поминува – не е среќа.

6. Сите вистински животи се убави и тешки.

7. Сите сме мртви, само по ред не закопуваат.

8. Имаше толку многу работи во животот од кои се плашевме. А не требаше. Требаше да се живее.

9. Болеста е судбина на сиромашните, но и казна за богатите.

Интернационален успех на Тамара Грујеска – музички амбасадор на Македонија
Четиринаесетгодишната Тамара Грујеска од Гостивар, полуматурантка и веќе афирмирано име на детската …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Колку сме толку сме токму сме – 94 години од раѓањето на Гане Тодоровски

Гане Тодоровски  (1929 -2010)  од современ, денешен книжевен аспект може да се…