Од богатиот и славен Слепченски скрипториум на Охридската архиепископија, потекнува и овој ракопис, а фототипно негово издание денес повторно се наоѓа во манастирската библиотека. Одделот на сестринството за ракописното наследство на Слепченскиот Манастир, раководено од академик Ѓорѓи Поп-Атанасов, пристапи кон расчитување и истражување на ракописот.

Ракописот го пишувал еромонах Висарион Слепченски, околу 1544-1550 год, во манастирот ,, свети Јован Крстител“ с.Слепче.
Хартија 304 л., 315 х 215 мм. Писмо – среден правилен полуустав и ситен полукурзив, правопис-ресавски, недоследен.

Во содржината на овој Зборник се наоѓа дел од ,,Богословието“ на св. Јован Дамаскин (познато и под имињата „Небеса“ и „Предание за православната вера“), Послание на св. Јован Дамаскин до св. Козма Мајумски, Климентовите „Предели“ и полемички трактати на Григориј Палама против Латините и Варлаамитската ерес. Кон основниот текст често се додадени схолии и илустративни цртежи.
Орнаментика: мултиколорни плетени заставици од балкански тип со флорални елементи, плетен иницијал, вињетка.
Повез: штици во орнаментирана кожа.

336401183 4302997066591498 2075096779135767183 n
Beko Natali Photography

Запис во ракописот: “Оваа Божествена и Света книга е „Богословието“ и „За православната вера“ на светиот отец наш Јован Дамаскин. Впрочем, никој да не се охрабри да ја изнесе од светиот манастир под закана на непростливо афоресување и вечна анатема. 1691 година, први март. Китиски и попечител Охридски Козма ).

Овој Зборник со философско-богословски трактати, слепченскиот монах Висарион, го напишал за потребите на охридскиот Соборен храм „Св. Богородица“.

Од Македонија првин е однесен во софискиот Археолошки музеј, од каде што подоцна е пренесен во Архивот на Бугарската академија на науките. Денес во Научниот архив на Бугарската академија овој македонски ракопис го носи бројот 82.

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…