По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското основно училиште „Киро Глигоров“ во Скопје се одржа традиционалната манифестација „Просветен работник на годината за учебната 2021/22 година“ на која Сојузот на просветните работници додели признанија и плакети на истакнати просветни работници од предучилишно, основно и средно образование.

Признанието Просветен работник на годината за учебната 2021/2022 година го добија двајца битолчани. Во категоријата воспитувач од предучилишно воспитување признание доби Татјана Грегова, воспитувач во ЈПУГД „Мајски Цвет“- Битола.

Од средното образование – Илче Ацески, признанието го доби наставникот по информатика во СОТУ „Ѓорѓи Наумов” – Битола.

Врз основа на одредбите на Статутот на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, Претседателството на Сојузот, на ден 18.09.2022 година ја донесе следната одлука :

310562866 1161399621466449 1472357672004408953 n

Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија во рамки на Сојузот, по извршено вреднување во приоритет на поднесените прилози од учесниците пријавени по Конкурсот распишан од ден 27.06.2022 година, каде сите просветни работници беа известени за отпочнување на постапката за прогласување на Просветен работник на годината за учебната 2021/2022 година, објавено на веб страница на Сојузот и според Правилникот за доделување на награди, признанија и пофалници на Сојузот на просветните работници.

    БУТИН: Не ми го земај времето
    Пишува: Биљана Котевска Димко Кои се нашите луѓе? Да – нашите луѓе.  …
    Шипка – есенската црвена витаминска бомба
    Со доаѓањето на есента, по ридовите и планините се појавува црвениот плод …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…