на пијаното насловна.1

Третото издание на „Денот на пијаното“ и годинава привлече голем број посетители и силни аплаузи, поддржан од општина Битола и Културно информативниот центар и е дел од културната програма на општината за оваа година.

на пијаното 3

Музичкиот дел го исполнија 50 млади таленти од 8 музички училишта од Македонија: Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија и Скопје.
Трио Трифоника – пијано 6 раце го имаше својот премерен настап, за прв пат ваков состав настапуваше во Битола.

Програмскиот дел, беше збогатен и со предавање на психологот Нина Тасевска, на тема „Улогата на наставникот во надминување на психолошките предизвици при јавен настап“.

Организатор на настанот е Здружението на пијанисти и педагози – Пијано од Битола, а секое ново издание изобилува со инвентивност и креативност, што претставува инспирација и поттик за создавачите на музиката, нејзините изведувачи .

на пијаното 4
meblo trejd - aparati
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…