добре сестра касијана

Излезе од печат петтото издание на романот „Сестра Касијана“ од Добре Тодоровски во издание на ИК „Матица“. Романот има духовна тематика и одблиску го запознава читателот со монашкиот живот – нешто за кое во јавноста многу се говори, а малку се знае.
Љубовта е жртва, таа не го трпи световното вообичаено однесување, постојано осудување, местенки, нетрпеливост. Самиот Бог е одраз на љубовта.
Книжевноста со духовна тематика станува сѐ поактуелна меѓу читателите, но се се зголеми и бројот на писатели кои пишуваат книги со духовна тематика или биваат преведени на македонски јазик. Во секој случај – се чувствува напредок.
Ако помислувате дека монашкиот живот е тивок, повлечен, без предизвици – апсолутно не е така. Монасите се налик на пчели кои постојано се зафатени со умствена или обителска дејност, тие макотрпно го напрегаат и умот и телото за да растат во Христа.
Во продолжение извадоци од романот „Сестра Касијана“ :

„- Песната е наша, испеана многу одамна, од непознат пејач, што со сигурност носел голема мака и тага во себе. Таа во суштина е препеана приказна, – ѝ велеше додека ја галеше по главата.
-Знам татко, знам, – изусти Драгана.
-Затоа, емоции мила…За таква песна потребно е да се искажат емоции до болка…нешто налик кога некој со сила ти одзема од твојата сопственост и го носи во неповрат, небаре ти го менува името, ти ја менува верата, а ти покрај сѐ, пееш за воскрес. Ете, така некако, со такво чувство ја испеал некогаш одамна, некој наш паталец, зборуваше полека татко , со силно издивнување на крајот.

  • Сега е друго време, – рече Драгана повлекувајќи се чекор два наназад и упатувајќи му широка насмевка.
  • Знам јас, не учи ти мене, мала палавко. Сега не знаејќи да направат, да создадат ново музичко дело, посегнале по секоја стара народна песна, па дури и по оние кои за нас претставуваат свето нешто, па ќе ја искомплицираат, менуваат и прават лакрдија од неа, искривена мелодија. –“

„Двајца помлади монаси, разгледуваа во делот, онаму каде што пламенот најмногу се јавуваше. Во ќошот, меѓу два ѕида едниот ненадејно застана, се здрви.

  • Дали може низ пепелта нешто да никни?- го праша другиот кој се обидуваше со врвот од ногата да откоп незнаен предмет закопан во земјата.
  • Можи, ако си чул за такво нешто, – му рече и се наведна. Од земјата извлече парче метал налик на голем клин.
  • Дојди да видиш, – му рече и без да се заврти му даде знак со раката.
    Монахот направи неколку чекори и се најде до него, а тој му покажа напред пред него.
  • Гледај, никнала трева, или мене така ми се причинува, – тивко изусти.
    Монахот ширум ги отвори очите неверувајќи во она што имаше можност да го види. Неколку пати суво подголтна.
  • Каква трева брате, па тоа е пченица! Млада пченица!“
You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…