Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Македонија на ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го додели Признанието заедно со Сертификат за: Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост во однос на организацијата на работата, успешно извршување на програмските задачи и постигнатиот успех во работата со учениците односно корисниците во текот на годината.

Од колективот на ова училиште за добивањето на ова признание велат дека се горди на своите успеси, но и кога квалитетот ќе биде препознаен и признаен. Со новите законски измени, од јуни минатата година, посебната паралелка во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ прерасна во Центар за поддршка на учењето на децата со попреченост на територијата на Општина Битола, со што ќе се обезбеди инклузија на сите ученици кои што имаат одредени потешкотии. 12 дефектолози, специјализирани едукатори и рехабилитатори, преку примена на современи методи и техники за едукација и рехабилитација, работат со учениците со попреченост, со цел да се постигне максимален потенцијал за нивно активно учество во општеството.

Наградата е потврда за макотрпната и успешна работа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, особено последната година кога посебните паралелки преминаа во Центар за поддршка на учењето на деца со попреченост во кој успешно се организираат и реализираат програмските задачи со учениците.
Во Центарот се реализираат: Воспитно-образовна работа со ученици со различни видови попреченост до деветто одделение и рехабилитација на деца со попреченост во дефектолошки кабинети, логопедски кабинет и кабинет за сензорна интеграција на ниво на Општина Битола, велат од училиштето.

Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“ ја продолжува хуманитарната работа на овој голем филантроп, поврзана со грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Република Македонија. На 28 април, се навршија 92 години од раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински. По повод денот на неговото раѓање, Хуманитарната Фондација „Проф. д-р. Љупчо Ајдински“ додели награди и признанија, а годинава неговиот роденден беше прославен без негово физичко присуство, но во името на неговиот исклучителен, племенит дух.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…