Во организација на НУ Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски“- Битола се одржа третата работилница наменета за деца со попреченоста, а ја реализираа професорите и учениците од текстилната насока во СОУ,,Таки Даскало“- Битола.

Афродита, Томи, Александар, Кристијан, Никола, Вероника, Артемида и Андреј на оваа работилница беа модни креатори, уживаа во комбинирањето на облеката и цртање на модни додатоци, а во тоа им помогнаа учениците од текстилната насока Демир Умер, Ана Трајановска, Сибел Аљији и Тамара Ѓеорѓиевска под менторство на професорките Живка Танушева Ицаноска и Ема Ќука.

Овие ученици им покажаа на сите зошто инклузијата е важна кога се работи со овие дечиња, нивната насмевка и топлина во работата со децата испраќа силна порака, дека сите се исти на свој начин.

За самиот проект, но и работењето со овие дечиња, професорките Живка Танушева Ицаноска и Ема Ќука ни рекоа:

„Учениците од текстилната насока во СОУ „Таки Даскало“- Битола во соработка со НУ Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски“- Битола, се вклучија во работилницата наменета за деца со попречености кои се дел од проектот ,,Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето со децата со попреченост“ поддржано од Министреството за култура. Во третата работилница ,,Биди моден дизајнер“ беа изработени модели и делови од облека, а децата беа модни креатори, нивната задача беше да направат различни модели, комбинации и да нацртаат модни додатоци заедно со учениците од текстилната насока. Со овие работилници сакаме да им покажеме на сите зошто инклузијата е важна и да испратиме силна порака дека секое дете има право на образование, а текстилниот смер нуди еднакви можности за сите деца преку креативни работилници, рачни изработки, модни ревии и многу други активности. Голема благодарност до НУ Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски“- Битола за активностите кои ги реализираме заедно“.

Трудот на учесниците беше награден со едно прекрасно изненадување, а тоа се прекрасни 3Д сликовници кои имаат намена да ја поттикнат љубовта кон книгата и читањето.

За да се запознаете повеќе со активностите на учениците од смерот Дизајн на облека во СОУ,,Таки Даскало“-Битола следете не на ФБ профилот: Tekstilna Nasoka – “SOU TAKI Daskalo“ и на ИНСТАГРАМ: soutakidaskalo_tekstilnanasoka

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…