поткастери

Сакаш да бидеш поткастер, имаш идеја и ти треба поддршка?

Ова е твојата можност да бидеш дел од бесплатната обука за млади поткастери на ZaSe.mk и МЕДИУМ СКОПЈЕ, со докажани професионалци од телевизија, радио и ONLINE медиуми.

Не чекај, пријави се веднаш на zase.mk@gmail.com со дознака „Твоето мислење е важно!“.

Испрати го твоето кратко видео (до 3 минути) најдоцна до 25.12.2023 година, каде коментираш на тема од твој интерес, поставуваш прашања на соговорник или испрати кус забавен видео сегмент со кој ќе се претставиш во најдобро светло.

Предавачите ќе ги одберат 10-те кандидати со најголем потенцијал и со нив ќе работат во наредните 2 месеци.

Сите учесници на обуката ќе снимат свој подкаст, а најпопуларниот поткастер ќе добие можност да направи 12 поткаст епизоди, кои ќе бидат продуцирани, снимани и обработени во Подкаст Студио, и објавени на порталот ZaSe.mk и неговите социјалните мрежи.

Право на учество имаат лицата од 15 до 35 години. Помладите од 18 години, треба да побараат одобрение и препорака од своите родители за да се пријават на обуката. За подетални информации погледнете го видеото или пак испратете порака на zase.mk@gmail.com.

Проектот е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…