Христина е првото бебе кое се роди во битолската болница. Мајката Сара Поп Атанасова го донесе на свет во 1:42 часот после полноќ.

bebe 2023 1

Дежурната екипа на гинеколошко-акушерското одделение на Клиничка болница кои рекоа дека ноќта помина работна, а на свет донесени се здрави деца.

Градоначалникот Тони Коњановски денеска го посети гинеколошко-акушерското одделение каде го пречекаа дежурните доктори прим. д-р Елизабета Чипуровска и д-р Христо Ѓорѓиевски, раководителката д-р Маја Аврамовска и директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски.

На родилките им донесе подароци и им посака убава и среќна година.

bebe 2023 2

„Сите се прворотки, кои не израдуваа со принова. Првото бебе во Битола е Христина која ќе кое ќе донесе радост и среќа на родителите, но и на сите нас, затоа што велат ако првото бебе е женско годината ќе биде бериќетна“, рече градоначалникот Коњановски.

bebe 2023 1press

„Пред полноќ беа родени уште две деца, машко и женско кои заради итноста мораше мајките мораше да бидат побрзо породени. Пред полноќ се породија Виолета Начковска Митровска, која на свет донесе машко дете и Риние Мемедовска која роди девојче“, рече д-р Чипуровска.

bebe 2023 3press

„На првото битолско чупе и посакувам гордо да чекори по Широк Сокак со весела насмевка и посакувам светла иднина во нашата убава битола, но поплодна да ни биде годината“, рече д-р Маја Аврамовска, раководител на одделението.

bebe 2023 4press
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…