322980502 619677789913185 2116582480663882604 n e1672578759990

Пишува Биљана Т. Димко

СРЕЌНА НОВА!

И што сега? Нови 365 дена во нашиот живот.

Нека кренат рака сите кои ќе се заложат да имаме среќна година.

Што значи тоа?

Среќата  може да биде заразна, бидејќи секој со секого е поврзан, да не се лажеме в очи.

Ако некого го сакате и почитувате – покажете му искрено, ако не, не му сметајте на патот „Најдобро се грижат за мене, оние кои ќе ме остават на мир“ е најпознатиот стих на поетот Мика Антиќ.

277541950 4943005235746636 7592304268129478067 n

За миг да го погледнеме светот околу нас, ако ни се допаѓа  глетката во ред, одиме понатаму.

Но ако не, време е секој поединец да ја истакне својата одговорност.

„Новата година е тетратка со 365 страници, испишете ги со убави нешта“ – е најцитираната реченица во текот на јануари.

Според вселенската рамнотежа, има закон против лошото, не за доброто.

Набљудувајќи ја маглата која го натиснала градот и сувиот неартикулиран студ, ни треба обединување, наскоро ќе се палат коледарските огнови, ќе шетаат дечињата ко ангели од врата до врата. А секоја година сѐ помалку ги има. Човештвото е тажно, толку многу што се затвори во себе ко јалова школка.

sirok sokak 01

Ни треба будење на душите, човечки прегратки и силни молитви за заедништво. Џабе се полните трпези со секакви јадења, ако нема радост на нив, па со секој збор се истура пелин, со секоја голтка се прибира горчина.

Помина пандемијата, сега доаѓа нешто друго, оттуѓување на човекот од неговата природа и тоа отстрана  гледано е вистински хорор филм.

Чаре?

Како што го исфрламе ѓубрето секоја недела од куќите, така треба да го исфрлиме ѓубрето кое ни се вселило во главите и срцата. Да бидеме како децата, почесто да се дружиме со нив, место со термините „зафатен/а сум, морам, итно е….“.

Ништо не е поитно од животот, кој се случува сега и овде. Мора да го сфатиме феноменот на животот – дека е крајно непредвидлив.

Како што запишал божјиот роб Јаков: „Слушајте сега вие, кои велите „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме“, вие кои не знаете што ќе стане утре. Што е вашиот живот?  Тој е пареа, која се појавува, па исчезнува. Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме, ќе направиме тоа и тоа“.

Оваа година, и годините што допрва ќе ги славиме,  нека бидат проекти преку кои ние ќе стануваме  подобри луѓе – непишано правило, но најмногу се исплати кога човек работи на себе: сакајте се себеси, исплачете се,  почитувајте се, давајте си оддишка секојдневно, кажувајте го она што го мислите, не ја премолчувајте љубовта која ја имате во себе, чувајте ја природата.

people g33c57f8e5 640

Среќен поединец создава – среќна заедница. Бидејќи, полека клишето се враќа во мода – најтемно е пред зазорување – неопходна е надеж дека во овој циркуз со наврнати кловнови ќе победи доброто, како возрасни им го должиме тоа на нашите деца, на нашите внуци, на нашите љубени.

Во новава година, искористете го сето време што го имате место тоа вам. Убавите луѓе имаат јадар поглед, не за џабе се рекло „очите се пенџера на душата“. Светкајте!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…