По големата Божја милост, уште еден Слепченски ракопис во фототипно издание се врати во манастирската библиотека, во матичниот манастир каде што беше создаден.

323286586 1286596795243953 4010111748297560372 n
mde

Станува збор за Слепченскиот Поменик од 16 век, кој во 19 век бил распарчен на два дела и оттуѓен од Манастирот, едниот дел од страна на бугарите, и денес се чува во Софија, во Националната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ под бр.1015, а другиот дел од ракописот заедно со познатиот патеписец Виктор Григоровиќ во пролетта на 1845 г. отпатувал за Одеса, Украина, и денес се чува под број 1/116 .

Сестринството на Слепченскиот Манастир под раководство на академик Поп-Атанасов, при долго истражување на ракописот, направи аналза на сите личности коишто Манастирот ги спомнувал во 16 век и претходно. Покрај охридските архиепископи, во Поменикот се споменуваат и ктиторите на Манастирот – царот Михаил VIII Палеолог и благоверната царица Теодора.

Од Поменикот беа анализирани и илјадници имиња на монаси и мирјани како и топоними од нивното потекло од целата диецеза на Охридската архиепископија.

322601230 662991155608886 5527106963902371680 n

Сестринството веќе долги години работи на репатриација на оттуѓеното ракописното наследство на Манастирот, и до денес во дигитална форма се повратени околу 200 ракописни книги, пишувани од слепченските монаси во славниот Слепченски Скрипториум на Охридската архиепископија.

Со Божја помош, наскоро, ова фототипно издание ќе биде изложено во Скрипторискиот центар на Манастирот, на очиглед на посетителите, љубителите и истражувачите.

Сестринството на Слепченскиот Манастир

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…