Веќе неколку дена Битола е во магла, па затоа голем број битолчани го искористија денешниот неработен ден и заминаа на омилената Баба планина.
Не само битолчани, туку и посетители од повеќе градови од Македонија, како и од соседна Грција, денеска уживаа во зимското сонце на Пелистер.
Најбројно беше на Ластојчин камен, каде повеќето беа седнати на карпите и ги впиваа зимските сончеви зраци. Некои пешачеа по патеките, некои седеа во длабоките сенки, а хотелот Молика беше преполн со гости.
Во потрага по сонце и чист воздух, метежот од Широк Сокак денеска беше „преместен“ на Пелистер.