vladimir kostov

Почина Владимир Костов, битолскиот писател, професор и почесен член на МАНУ на 90 годишна возраст по долго боледување. Опелото и погребот ќе бидат на 4 јануари, во храмот „Св. Недела“ во Битола.

Костов беше тивок човек, а пишувајќи одѕвонуваа камбани. Тој ја познаваше душата на Битола, ја знаеше нејзината кокетна страна, грдата страна, ѝ направи целосна анамнеза на нејзината духовна страна.

Костов претставува интелектуална и книжевна грамада каква што се раѓа една на 100 години во светот, а ние ќе бидеме среќни ако следните 100 години како битолчани добиеме негов наследник – продорен, кроток, одмерен во секој збор.

Костов беше мајсторот на кусиот расказ. Раскажувач од светски рамки.

Неговите романи како: „Црквичето 40 маченици во Битола“,  култниот роман „Свадбата на Мара“, „Учителот“, „Грешниот Захарија“, „Нов ум“, „Битолски триод“ и уште многу други воодушевуваат со нивната  единственост и оригиналност.

Костов беше професор на Педагошката академија во Битола, од  каде што и замина во пензија.

Беше носител на повеќе награди.

Според неговите романи „Свадбата на Мара“, „Грешниот Захарија“ покојниот режисер Љубиша Ѓеорѓиевски ги постави театраските претстави на  репертоарот на Битолскиот театар, а претставата „Црквичето“ ја постави Љупчо Ѓеорѓиевски – Бубе.

Оваа година по повод неговиот 90-ти роденден неговото семејство го реиздадоа романот „Црквичето 40 маченици во Битола“.

viber image 2023 01 03 18 08 08 755
Фотограф: Никола Талевски

Споменот за писателот Владимир Костов  е жив, тој е битолскиот Кркардаш, соединување на истокот и западот, на христијанството и исламот. Костов остави зад себе книжевност која е национално книжевно богатство –  но, книгата  вреди само ако се чита.

viber image 2023 01 03 18 08 29 537
Фотограф: Никола Талевски

Интернет врска од театарската претстава: „Црквичето“ во режија на Љупчо Ѓеорѓиевски – Бубе :

Златна камера 300 за кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Уресин за филмот „За сувите треви“
Откривањето на непознатото се движечката сила на овогодинешната програма на ИФФК „Браќа …
Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…