Подобрувањето на состојбата на младите лица од ромската етничка припадност и нивно подобро вклучување на пазарот на трудот се главните приоритети на проектот „Поттикнување и развој на женско претприемништво кај младите жени Ромки”.

Потребата од зголемен интерес за подобрување на квалитетот на животот кај оваа етничка заедница, со посебен фокус на младите жени Ромки е континуирана и евидентна, па токму преку проектните активности Здружението на алумнисти на програмата СВТ, СВТ Алумни Скопје поддржано од Employyouth проектот на ЕУ за Западен Балкан и Турција даде придонес кон истото.

Можноста младите Роми да се запознаат подобро со мерките кои им стојат на располагање за подобро вклучување и позиционирање на пазарот на трудот беа презентирани пред нив, а истовремено и самите млади подготвија инспиративно видео. Во истото преку куси пораки тие се обидуваат да укажат на значењето на финансиската независност, на можноста да се работи на исполнувањето на својот сон и самовработувањето.

Целта на проектот е да се зајакнат институциите и образовните капацитети за поддршка на женското претприемништво кај младите жени Ромки во Битола и Скопје, да се зголемат знаењата за значењето, предизвиците и можностите на претприемништвото, да се упаредат мерките за поддршка на младите жени-претприемачи, како и да се подигне свеста кај младите за улогата на претприемништвото за нивно економско зајакнување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…