348493001 654914996436911 605241107394234867 n

Здружение на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни ,,Рилука”- Битола организира хуманитарен настан „Со уметност до свесност за поинаквоста“ . Настанот ќе се одржува на 08.06.2023-09.06.2023, 17- 20ч во КЦ Магаза Битола, влез слободен.

Целта на овај настан е подигнување на свесноста за лицата со попреченост, нивно прифаќање и еднакви права во опшеството.

Настанот е од хуманитарен и културен карактер, а на истиот ќе има аукција на уметнички дела од врвни и реномирани уметници кои ги отстапиа истите во хуманитарни цели без надокнада , дела на кои што никој нема да остане рамнодушен.

Од тука доаѓа и идејата, срдствата од овој настан да се искористат за опремување на инклузивна игротека, а во оваа идеја може да не подржите со купување на тие уметнички дела .

Инклузивна игротека е од голема важност за децата со попреченост и нивните семејства, тоа ќе биде место каде што децата со попреченост ќе можат да се социјализираат со посебни реквизити за игра, терапија и социјализација, а најважно од се тоа ќе биде место каде што ќе се потикнува нивниот развој.

На настанот ќе земат учество младите таленти од ,, Бабец “.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…