naslovna sumnal

Со крајот на месец март 2023 година, завршија и активностите во рамките на проектот „Активно учество во поттикнување на дигиталната писменост кај младите од ранливи категории“. Општата цел на проектот беше развој на дигиталната писменост преку развивање на дигиталните вештини кај младите од ранливи категории, додека специфичните цели се однесуваа на:

339283340 172100785697157 5970070623340181126 n

1. Развој дигитални вештини за користење на електронски уреди и бесплатни технологии;

2. Стекнување на знаења за употреба на електронски образовни содржини и образовни аплицкации.

3. Поттикнување на младите од ранливи категории да истражуваат, самопрофилирајќи ја професионалната иднина. Проектните активности беа во форма на консултативно-партиципативен процес со што се спроведе: теренско истражување, креирање и функционирање на меѓусекторска работна група, работилници и консултативни форуми, обука за развој на дигитални вештини за млади Роми, изработка на стратешки документ за усвојување од страна на локалната самоуправа.

339150489 761072655370084 4250839154805976267 n

Во активностите беа вклучени 25 млади Роми и не-Роми од 13-30 години. Како резултат од активностите на проектот успеавме да: – ја зајакниме соработката меѓу засегнатите страни во функција на подигнување на свеста за значењето на дигиталната писменост кај младите од ранливи категории; – трансферираме знаења од областа на дигиталната писменост; – обучиме млади од ранливи категории за користење на ИКТ технологии и содржини.

339168897 142459375212575 7752060440563845401 n
339090132 650717487065857 6866190306854114323 n

Овој проект отвори и перспектива за развивање проект за соработка и партнерства со други држави за да се поттикне и развие дигиталната писменост кај младите од ранливи категории и да се прошири влијанието на регионално, национално или европско ниво. Проектот го финансираше Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Северна Македонија преку Еразмус + програмата на Европската унија.

meblo trejd - k elementi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…