коле канински 1

Во НУУБ „ Св. Климент Охридски“-Битола се одржа трибина на тема „Како до поголема самодоверба кај учениците “. На трибината збор зедоа м-р Фатма Бајрам Аземовска библиотекар од библиотеката, Александра Мицевска, психолог од ПЗУ Психомедика, , д-р Аница Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“ и Александра Здравевска, наставник по физичко и здравствено образование во ОУ „Коле Канински“. Пред присутните ученици од шесто и седмо одделение предавачите преку совети ги насочуваа учениците како да ја подобрат нивната самодоверба, како да веруваат во себеси и како да се почитуваат, сакаат, ценат и вреднуваат.

Самодовербата значи колку сме сигурни во себе, колку се цениме и сакаме себе си. Веруваме дека секој од нас се цени и сака себе си во помала или поголема доза. Некогаш е интересно што несвесно многу пати себеси се забораваме, се ставаме на последно место. На сите нас некогаш ни се случило да имаме доза на ниска самодоверба.

Причините за ваквиот вид на чувство се најразлични, затоа оваа трибина имаше за цел да ги детектира причините кај учениците и како да ги избегнеме, а со тоа да си ја зајакнат самодовербата и самопочитта кои се тесно поврзани една со друга.
Во практичниот дел на трибината се вклучија голем број од присутните ученици. Тие кажаа по 3 позитивни и 3 негативни работи за себе, со што покажаа како тие размислуваат за самодовербата.

Би сакале за крај да се заблагодариме до директорот на училиштето Дијана Толевска Христовска, заменик директорот Ивона Велјановска и Марија Наумовска претседател на Советот на родители при ООУ„Коле Канински“-Битола за идејата за реализираме заедничка активност на Библиотеката и училиштето.
Во холот на нашата библиотека е поставена изложба на книги кои се на тема самодоверба и кои можат многу да ни послужат во креирањето на здрава самодоверба.

jk travel leto antalija 2023
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…