Објавени се и резултатите од светското детско ликовно биенале [ конкурс ] Канагава кое се одржува во Јапонија во реализација на Министерството за надворешни работи на Јапонија – Јапонската агенција за меѓународна соработка – УНЕСКО – УНИЦЕФ и ООН и кое кон крајот на минатата година го одбележа своето 22 издание. Канагава светското детско ликовно биенале воедно е најстариот детски ликовен конкурс во светот кој без прекин се реализира веќе 44 години.

2

За 2О22 година учество на големиот настан имаа 59 држави од сите контитенти на светот кои генерираа фонд од над 12.ООО детски ликовни цртежи од кои меѓународната жири комисија ги додели наградите Гран При и тоа на 2 држави – Награда од Министерството за надворешни работи и комуникации – Наградите за специјални колекции кои се доделни на 36 школи и наградите за најдобри ученици – учесници кои ги добија 351 дете од цел свет.

11 e1680601696155

Од Македонија – ученичките на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола Ивана Петрова и Нина Пешевски се меѓу добитниците на престижните Награди “Канагава” – објави организаторот на настанот или се меѓу 351 награден учесник од 12.ООО.

4 e1680601751637


Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во Биеналето во Канагава – Јапонија веќе традиционално одвојува високи награди низ сите 22 години од неговата реализација.


Наградите на ученичките на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола ќе им ги додели амбасадорот на Јапонија во Македонија на церемонија која претходно ќе се договори со студиото, а најверојатно при реализацијата на “Мал Битолски Монмартр”.

326270051 574524910788428 2055822843167145426 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…