Канински

На ден 04.04.2023 година директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката на ООУ „Коле Канински“-Битола, Дијана Толевска Христовска. На овој состанок се разговараше за активности кои се опфатени со меморандумот и ќе бидат приоритет во соработката на овие две институции, се со цел подобрување на наставниот процес и користењето на библиотечните услуги. Преку работилници, настани, трибини планирано е активно вклучување на учениците и наставниот кадар од ова училиште во активностите на библиотеката која секогаш ги прати актуелните интереси и проблеми на кои треба да се стави посебен акцент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…