Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски, наредните три години ќе биде дел од Еурофарм Пелистер. Задоволен е од подготовките во Маврово, а за доаѓањето во Битола вели дека бил подготвен да дојде.

viber image 2022 08 15 19 05 28 030

„Се работеше на високо ниво, минимум три-четири тренинзи на ден. Потоа се вративме во Битола, каде нивото на тренинг се намали. Работиме повеќе на тактичко-техничкиот дел, а трчањето е веќе зад нас. Се спремаме за педесеттиот јубилеен турнир во Струга, каде што ќе има многу квалитетни екипи и тоа е идеална шанса да се претставиме во најдобро светло пред двата важни дуели.

Екипата од минатата сезона ја напуштија десеттина ракометари, дојдоа 7-8 новајлии. Повеќе сме спринтерски ориентирани, има многу трчање, нема време за измени. Секој го дава својот максимум, па дури и јас се враќам и играм одбрана, па ако има шанса се менувам. Работиме на високо ниво, имаме одлично темпо и ќе создаваме проблеми на скеој противник.

Бев спремен да дојдам во Битола, ме подготвуваа на тоа. Но, не верував на гласини и на приказни, морав сам да се уверам. Секој битолчанец, и тој што има шанса да дојде во салата, а и тој што не доаѓа, спремен е да нè бодри и желен е да го види Еурофарм Пелистер во најдобро издание“, вели Пешевски.

Жарко Пешевски – кружен напаѓач
11.04.1991 – Скопје

2013-2018 – Металург Скопје
2018-2019 – Мотор Запорожје
2019-2022 – Штутгарт
2022 – Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2025)

    За сите разочарувања кои нé отрезниле…
    Сакам разочарувања. Зошто? Затоа што тоа е моментот на отрезнување. Моментот кога …
    „Да ја вратиме љубовта кон читањето“ – проект на Пелагонските културно-научни средби
    Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле Канински“- Битола со нивните одделенски …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

    Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

    Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

    Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…