РК Еурофарм Пелистер денес го започнува својот настап на јубилејниот педесетти турнир во Струга. Низ историјата трофејот од овој турнир дванаесет пати завршувал во нашите витрини.

„Возбудени сме што ќе гостуваме во Струга. Од моите пријатели слушнав дека се работи за квалитетен турнир со долга традиција. Доаѓаат многу добри тимови и тоа е одлично за нас. Ни треба таква силна конкуренција да ја воиграме екипата пред натпреварот против Мешков Брест. Се бориме со времето, бидејќи немаме многу време. Очекувам од натпревар во натпревар во Струга да бидеме подобри и само подобри. За мене важен е напредокот, а не финалниот пласман. Сите екипи се квалитетни и сите ги респектираме. Но, ние нема да мислиме на нив, туку само на нас и на воигрувањето. Имаме многу нови играчи и веројатно ќе ни треба време да дојдеме до вистинскиот Еурофарм Пелистер“, изјави Ларс Валтер, тренер на Еурофарм Пелистер.

viber image 2022 07 20 17 02 03 698

„Турнирот во Струга ни е идеален турнир да се подготвиме за она што ни следи: Суперкупот и СЕХА лигата. Тоа ќе биде убаво искуство. Таму имаме пријатни спомени, игравме одлични натпревари во Струга. Некои ги добивме, некои ги загубивме. Очекувам одлична подготвителна недела. Ги знаеме сите екипи кои доаѓаат. На овој турнир се гледаме себеси и цел ни е да се подготвиме на овој нов систем и на тоа што ни следи наскоро. Ќе биде квалитетен турнир, како и секоја година. Има квалитетни домашни екипи, квалитетни се и странските екипи и очекувам машка борба и многу квалитетни натпревари“, изјави Мирко Радовиќ, капитен на Еурофарм Пелистер.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

    Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

    Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

    Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…