Изложбата „Со љубов од Битола“ беше претставена и пред скопската публика, а беше изложена во изложбениот салон на НУ Кинотека. Присутните имаа можност да ги погледнат 27-те фотографии кои изминатите 9 години, од 2013 па до 2022, победувале на Фото -Конкурсот „Со љубов од Битола“, како и 24-те фотографии селектоирани од стручното жири во состав Роберт Јанкулоски, Симона Калица и Весна Каревска, дела на 17 фотографи, кои ја сочинуваат изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022 на тема „Архитектонските симболи на Битола“.

СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 15
СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 40


Оваа јубилејна изложба е амбасадор на културното богатство на Битола, а фотографиите го отсликуваат духот на Битола, стилот на живеење, архитектурата и секојдневието на еден град кој по многу нешта е уникатен.
Пред гостите свое обраќање имаше Диоген Хаџи-Коста Милевски претседателот на ЦЕРИ кој ги запозна присутните со процесот на реализација на конкурсот и изложбата и фазите низ кои помина проектот со Љубов од Битола од 2013-та до денес, и го посочи значењето на овој проект како една своевидна дигитална ризница која во своите архиви гордо поседува повеќе од 1200 фотографии од градот Битола кои се сведоштво за тоа како градот го менува својот облик и изглед во изминатите 10 години.


Изложбата ќе биде отворена до 31 октомври во изложбениот салон на Кинотека.

СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 41


Изложбата ќе биде отворена до 31 октомври во изложбениот салон на Кинотека.
Овој проект се реализира од Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура од Битола а е финансиски поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија , Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Општина Битола преку Бит – Фест.
Кинотека на Република Северна Македонија е партнер на проектот кој овозможи негово поставување и реализација на изложбата во Скопје.

Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се ​​обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…