За првпат, четвртоноемвриската програма организирана од општина Битола, по повод Денот на ослободувањето на градот, вклучува интересни содржини за најмладите. Дел од детската програма, е и претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“, која актерите од Театарот за деца и младинци, ќе ја одиграат на „Нова сцена“, во Центар за култура, на 01.11, со почеток од 19.00 часот. Интересот за претставата е голем, а преостанатите бесплатни влезници, можат да се подигнат од Офицерскиот дом, денес до 19.00 часот и понеделник од 08.00 до 19.00. Претставата е во времетраење од 70 минути и е наменета за деца над 6 годишна возраст.

nekoj neka mi kaze 5

„Некој нека ми каже колку сум важен“ е работена според приказната ,,Курт Кво Вадис” на Ерланд Лу, познатиот норвешки, современ писател, кој напишал серијал книги за деца во кои главен јунак е возачот на вилушкар, Курт.

Во оваа приказна, Курт, поради високите општествени кругови во кои се движи, станал несигурен во себе и со својот мал син тргнува по потрага на своето големо дело што ќе му помогне и тој да стане важен во своето опкружување.

nekoj neka mi kaze 3

Драматургот, Милена Деполо, за претставата вели:

„Додека ја правевме оваа претстава не сакавме да бидеме како некои „паметни големи луѓе” кои ќе ги научат нешто децата. Инаку, децата се многу често многу попаметни и од нас, баш како Бад, кој има само неколку годинки, а е попаметен и од својот татко. Сакавме на децата да им раскажеме приказна и со нив да ги споделиме мислите, грижите и чувствата кои растеа во нас додека се дружевме со Ерленд Лу и неговиот главен јунак Курт.

nekoj neka mi kaze 2

·        Нормално е во исто време да бидеш обичен и необичен.

·        Нормално е зад себе да оставиш некакви траги кои се добри, ама и некои кои не се толку добри.

·        Не мораме да бидеме светски шампиони за да не сака некој.

·        Ќе направиме некоја навистина битна работа, ако за неа не очекуваме аплаузи. Ако ја правиме само затоа што ни е навистина важна, а не за да ги вчудоневидиме другите“, истакнува Деполо.

    Раскажи ми приказна: Црвениот фустан
    Госпоѓица Хана стоеше на средината од театарската сцена. Го изнесуваше својот говор …
    „Визуелни елоквенции” – нова поетска книга на Лили Бошевска во издание на „Матица македонска”
    Книгоиздавателството „Матица македонска" ја објави новата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    (ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

    Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

    Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

    ,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…