Како дел од програмата, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, синоќа беше отворено 30 издание на Интернационалниот  фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Фестивалот го отвори заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, кој нагласи дека, годинава публиката ќе има можност да проследи 25 филмови од 11 различни држави, односно 11 различни филмски култури и продукции.

„Натреварувачкиот карактер на овој фестивал според мене е чисто  од мотивациски аспект бијдеќи сите прикажани филмови ќе бидат победници, зашто сите ќе ја кажат својата приказна и ќе ја пренесат својата порака до публиката, онаа за која биле наменети.

Богатата филмска понуда на овој веќе традиционален културен настан ќе ги почести љубителите на филмската продукција и ќе им даде можност да ја збогатат својата филмска ризница, тука во Битола ќе имаат можност да сведочат на светска култура која што ќе ги обиколи и другите филмски сцени низ Европа и Светот.

DSC 7162

Жири комисијата на фестивалот, одлучи највисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, да ја додели на филмот „Охридските хотели – Хотел Радиќ“, на авторот Љупчо Паунковски.

Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби авторот Гунтер Симерл од Словенија, за филмот „Инсекти во градината“.

Наградата „Златната камера 300“ е доделена за филмот „Лифтот на Бродот Андертон“ на авторот Џејмс Калмерс од Велика Британија, а „Сребрената камера 300“ за филмот „Чекори низ дрвената катедрала буковина“ на авторите Михаил Герасим и Едуард Григорас од Романија.

„Бронзена камера 300“ доби фимот „Водици“ од авторот Диме Талевски.

Златниот медал на УНИКА е за филмот „Трпејца“ од авторот Томе Љушев.

Исто така, беа доделени плакети за монтажа, идеја и репортажа, како и специјални плакети.

Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…