Фрагменти од дипломскиот труд на Сара Трајчевска од Битола, преведен на англиски, е објавен во Романскиот весник за политички науки. Истражувањето беше спроведено во 2020 година, а фокус беа креаторите на лажните вести од Велес, Македонија, кои имаа за цел да ја привлечат американската публика со пишување на лажни вести кои наликуваат на вистинити приказни, а со тоа и прилекување голем број читатели од Америка. Инаку Сара Трајчевска е дипломиран новинар и односи со јавност на Универзитето ,,Овидиус” од Констанца, Романија, а воедно и магистер во одделот на ,,Односи со јавност и интеркултурно развивање” на истиот Универзитет.

За спроведување на истражувањето, Сара, стапи во директен контакт со дел од креаторите на ваквиот тип вести, а истовремено и ги провери содржините на истите, со што дојде до заклучок дека се работи за вести кои повеќе наликуваат на приказни, отколку на новинарски, вистинит напишан текст кој има за цел да ја информира јавноста.

312575351 5804325579633596 8815400058996034145 n

На прашањето кој е одговорен за сето ова, истражувањето на Сара Трајчевска дава одговор дека колку што креаторите на овие вести се одговорни за пишувањето и ширењето на лажните вести, толку се одговорни и дистрибуторите, Google и Facebook, но и самите читателите, поради неинформираноста во однос на одбирање на правилниот избор за дознавање и споделување на информациите кои кружат на интернет.

Исто така, Сара во соработка со своите професори од Романија, заклучи дека се работи за еден ,,Пазарен механизам” кој што тотално ја поништува идејата дека новинарството е услуга за јавноста, односно јавна услуга, затоа што во овој случај, младите од Велес, велат дека нивните текстови биле еден вид на производи на американскиот пазар и целта била што е можна поголема заработка, без разлика што во овој случај се работи за потполно неквалитетни и неверодостојни новинарски текстови.

Правилна исхрана за млади спортисти -Клуч за успех и енергија
Правилната исхрана е клучен фактор за развојот и успешноста на младите спортисти. …
Како бескрајното скролување влијае врз вниманието, меморијата и самоконтролата
Во дигиталната ера каде што секој клик, лајк и брз видео носи …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…