multipla skleroza

30 Мај се одбележува како ден за борба против Мултипла склерозата. Во неможност да оди во Скопје на маршот организиран од Националното здружение за мултипла склероза, заради здравствени причини, Анета Бошевска од Битола која долги години се бори со оваа болест го одбележа денот во Битола во име на нејзината мајка која долги години се бореше МС.

На овој ден се чекори насекаде во светот, се бројат чекорите за сите кои се борат со МС.

Анета претходните две години со изложба го одбележуваше овој ден, но оваа година со помош на ОУ „Тодор Ангелевски“ Битола каде учат нејзините синови, таа, но учела и нејзината мајка во чиј спомен го одбележува овој ден, организираа настан.

„Да не пропадне цел мој труд ,спремна бев со маици, со балони и се во портокалово, само побарав наставничките на двата класа каде што учат децата да ги ослободат еден час и целиот настан да биде во училишниот двор. Децата сите, родителите, наставниците, толку. Но, веќе имав подршка стигнуваа пораки дека пред Саат кулата ќе се приклучат и средни училишта со наставници. Затоа од дворот зачекоривме. Децата од ОУ „Тодор Ангелевски“ тргнаа да бројат чекори до плоштад“, раскажува Анета.

Таа вели дека таму ги пречекале професори од Економското училиште и гимназијата со своите ученици. Благодарна е до сите нив за поддршката и видливоста која се даде, со надеж дека наредната година Битола на овој ден ќе биде во портокалево.

viber image 2023 05 31 14 06 58 914 e1685535162481
meblo trejd mialnik
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…