nalovna karpa 1

Влатко Деловски координатор и инструктор по спортско качување го презентира во Читај бе новиот проект кој  веќе активен во Градскиот парк во Битола – Болдер, вештачка карпа.

Зошто на Интернационалниот ден на детето?

 Да започнеме од тоа дека децата се симбол на чистота, неименлива радост, верба во човечкиот живот и надеж во човештвото. Времеубежиште и љубено место, плод на љубовта, впрочем и самото отелотворување на оваа духовна категорија – љубовта. Децата се одек на ангелската убавина и целосна непристрасност кон сѐ што е земно. Во детската насмевка не можеш да препознаеш ни етничка, ни верска, ни национална, ни родова, ни полова припадност- не можеш да ја препознаеш фрустрацијата на овој свет.

И токму тогаш кога се чествува Интернационалниот ден на детето што означува нов почеток во подобрувањето на можностите за децата, впрочем кога се празнуваат нивните права за благосостојба и безгрижно детство – без страв, мислам дека токму овој ден е добар повод  да се отвори нашиот проект Болдер – вештачка карпа за деца и млади. Едно од правата на децата е ние да им овозможиме содржајно, активно, среќно и безгрижно детство. Со овој проект, чие гесло е: „преку ангажирана забава до спорт и култура“, целта ни е на децата да им дадеме малку поразлични содржини од досега достапните, што ќе овозможат забава на активен начин, алтернативна култура и спорт.

болдер трибина 3

Зошто Болдер (вештачка карпа до 4 метри висока) и болдеринг како спост (bouldering – наместо јаже како сигурносен елемент користи душеци за доскок)?

            Проектот, Болдер – вештачка карпа за качувања со трибина за детски и младински културно – уметнички дејности,иницијативата ја гради преку интервенција во јавен простор: збогатување на јавниот парк со скулптурална градба од спортско – уметнички карактер. Целта на проектот и на карпата е да придонесе во афирмација на спортското качување, како и да го зголеми интересот на специфични целни групи кон овој спорт: млади/деца, граѓански сектор и љубители на авантуристички спортови и алтернативна култура за ваков тип на спорт, активизам и забава. Всушност „болдерот“ е еден наш „коментар“ за тоа какви содржини и градби ни се потребни во иднина.

Болдер трибината концепирана е да не служи само утилитарно со една функција – качување. Благодарение на нејзината контрадикторна геометрија, може да се перцепира како скулптурална инсталација во просторот. Едната страна е Low Poly (faceted), t.e. испрекршена, додека другата е ортогонална. Геометриската страна е наменета како надворешен болдер ѕид за качување на кој има неколку варијации на различни површини со одреден агол и најразлични фатишта. Од другата страна, т. е внатрешаната, се појавува еден мал амфитеатар – трибина, за седење, одмарање, читање, театарска претстава, концерт итн. На фронталната страна постои една ниша, која е тријаголна во основата, и која е затворена од двете страни со цел да остане само една отворена страна која го врамува погледот на околината и ја изолира истата, идеално за одмор, читање на книга и др.

Секако, целта на Болдерот не е да се наметне, туку да се вклопи во контекстот, претставувајќи benchmark во просторот, дури и симбол во иднина, препознатливо место за собирање, договарање, концерти, изложби, ангажирана забава за деца, спорт и др. Архитектурата на оваа времена или стална инсталација е концепирана по модерните текови на сите европски метрополи со анимирање на јавните простори. Редовна практика е вакви скулптурални болдери со модерен архитектонски дизајн да се поставуваат во современите забавни паркови. Како референца, на пример, да ги земеме Р. Словенија, Австрија, Германија, Данска.

Ако првиот чекор за добар проект е идентификација на проблем, анализата на истиот покажа дека ние како општество сѐ уште не правиме разлика меѓу ангажирана забава и пасивни содржини за деца. Поставување на пластични нишалки, лизгалки и тобогани во паркот, практицирајќи еден ист начин на забава, по автоматизам не значи дека децата правилно се рекреираат. Проектот иницира алтернативен пристап во оваа проблематика и на еден начин со своите содржини (rockclimbing) и начин на раководење со карпата ќе се обидеме да придонесеме во осовременувањето на рекреативно-спортските содржини и алтернативните погледи на забава и култура кај младите во нашиот град.

Кои се целни групи во овој проект? 

1) млади/деца до 18 год. Нашите анализи покажаа дека овој спорт промовира родова еднаквост. Имено, според статистиките што IFSC (International Federation of Sport Climbing) ги имаше издадено во 2020 год, во Р. Австрија, која е најразвиена земја за sportclimbing во Европа, 52% од качувачите биле жени, 48% мажи. Тоа се должи на спецификите на самиот спорт: елеганција, флексибилност и еластичност, наспроти – сила. Спортот буквално е избалансиран во однос на родовата еднаквост, дури може да се каже и дека засега во мала предност се припадничките на женскиот пол во однос на машкиот. Покрај родовата еднаквост, категоријата млади и деца до 18 години ни е најзначајна затоа што sportclimbing-от, според направените истражувања во Р. Словенија, Германија и Австрија, значително придонесува во здравиот психо-соматски развој кај децата, нивната самодоверба и решителност. Истражувањата покажале дека некои деца, со практицирање на овој спорт- качување на карпи, надминале одредени фобии: страв од височина, затворен простор; додека кај други деца е забележана зголемена самодоверба. Затоа, не случајно во развиените земји (пример Р. Словенија), во рамките на ФЗО е инклудирано спортското качување како дел од задолжителната наставна програма по физичко воспитување.

2) Граѓански сектор – граѓанскиот сектор е/или треба да биде/ носител на целокупните промени и главен коректор и двигател во општеството. Од него зависат сите промени во позитивна и негативна смисла. Информиран и заинтересиран граѓански сектор во најмала рака значи здраво општество.

3) Третата категорија или заинтересирани граѓани кои немаат значително качувачко искуство, но сакаат да прифатат одредени предизвици, не е помалку значајна, бидејќи придонесува околу афирмација и ширење на спортот и тој начин на живот кај пошироката јавност. Што повеќе информирани граѓани, толку поголема можност за заинтересирани идни членови на спортски клубови или корисници на авантуристички спортови и таков стил на живот.

болдер трибина

Кои се придобивките?

Освен директните таргет корисници (деца, граѓански сектор и заинтересирани граѓани) кои на непосреден начин ќе се стекнат со знаење и вештини за спортското качување, индиректни корисници ќе бидат:

а) Родители и наставници од основните и средните школи во рамките на Општина Битола. Нивните деца многу полесно ќе имаат можност да стигнат до информации дека и во нашиот град Битола има школи за качување, каде ќе можат да се запознаат со придобивките од овој спорт.

б) Општина Битола, бидејќи проектот е веќе изграден токму во нашиот град.

в) Climbing професионалната заедница. Професионални качувачи и авантуристи, бидејќи инсталацијата ќе биде постојана, трајна и за јавно добро, па затоа сите качувачи може слободно да качуваат на насоките.

г) Сите граѓани/љубители на авантуристичките спортови од Општина Битола и пошироко.

Screenshot 2023 05 31 at 16 59 20 Bolder Materials copy Bolder Materials Pokana.pdf

Да резимираме, проектот начелно припаѓа во зададената приоритетна област млади: поттикнување на здрав живот и здрави навики кај младите преку спортски активности во Општина Битола, но секако зафаќа и други области и активности за зачувување на менталното здравје кај младите. Проектот е реализиран во Градскиот парк на територијата на Општина Битола, а опфаќа две спортско-уметнички содржини: rock climbing (качување на карпи) и младински активизам изразен преку културно-уметнички дејности, и секако една од областа на едукацијата која е неопходна предфаза за директните корисници на ѕидот: трансфер на знаењеи подигање на вештини за sport climbing, искористувајќи ја нашата стручност, сертифицираност и знаење од таа област.

Специфичната цел афирмација на спортското качување како стил на живот и култура ја градиме токму преку горенаведените предизвици и индикатори, а планираме да ја спроведеме во програма на активности веќе од месец јуни 2023 год па натаму. Згора на сѐ, а токму во прилог на истите вредности, е тоа што спортското качување, со неговите три дисциплини, од 2020 год. од Олимписките игри во Јапонија, е веќе олимписки спорт.

Овој спорт на што индиректно повикува и самиот проект, иако кај нас сѐ уште не е развиен, ние веќе не можеме да зборуваме за иновативен пристап, затоа што од страна на современите светски држави веќе се поставени одредени стандарди, квалитети и трендови, кои треба само да ги пресликаме и да ги следиме. Овој проект, мислиме, дека може да се носи со тие трендови.

meblo trejd mialnici 2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…