Македонија има нов шампион во авто-мото спортот. Мотоциклистот Синиша Кочоски го забележа својот најголем успех во кариерата и стана шампион во БМУ Европскиот шампионат, во најсилната Ф1.000 категорија.

motori 03


Македонецот имаше сезона како од бајките на патеките ширум регионот, која беше крунисана со ново прво место во „Серес“, Грција. Без разлика на притисокот и влогот што го носеше финалето во Грција, македонскиот мотоциклист остана смирен, врочем каков што беше и цела сезона, и уште еднаш ја докажа својата доминација и заслужено се радува на големиот успех.

motori


„Фантастична сезоната, историска. Сонував за ваков момент. Длабоко во себе верував дека можам да го достигнам врвот во овој шампионат. Се разбира дека патот до тоа не беше лесен. Сезоната беше многу напорна, конкуренцијата силна, проблемите секогаш ми висеа над глава, но чувствував дека оваа сезона е моја и на најдобар можен начин го искористив тоа и стигнав до посакуваниот трофеј во најсилната конкуренција на БМУ Европскиот шампионат.

motori 01
motori 02

Задоволен сум од постигнатите резултати, но воедно и свесен дека без големата поддршка од мојата фамилија, пријателите и фановите, немаше да бидат на местото каде што сум сега. Им благодарам на сите од се срце – вие сте моите шампиони!“, рече Кочоски.
Кочоски историската сезона во БМУ Европскиот шампионат ја заврши со четири победи и уште седум подиуми.

meblo trejd mialnici
Емпатите и нивната неверојатна способност да читаат луѓе
Емпатите имаат способност интуитивно да „гледаат низ луѓето“ — но не во …
Вистинското пријателство нема рок на траење
Вистинското пријателство не се мери со секојдневни разговори или постојано заедничко време. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…