Младински културен центар – Битола во рамките на проектот „Заштита од корупција“ изработи истражување преку кое ги мапираше потенцијалните ризици од корупција во постапките за јавни набавки, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, спроведувани од страна на Општина Битола и шесте јавни претпријатија, од кои кај ЈП Урбанистичко планирање, проект и инженеринг утврдено е дека не се правени јавни набавки. Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Заштита од корупција“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникации Скопје, со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Истражувањето е изработено врз основа на унифицирана методологија која ја спроведуваат 8 невладини организации во 8 општини во државата (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип) и се заснова на индикатори кои унифицирано се применуваат и ги опфаќаат сите фази во јавните набавки (планирање, спроведување и реализација на склучени договори за јавни набавки). Целта на ова истражување е од една страна да се добие јасна слика за потенцијалните ризици од корупција на ниво на субјект, а од друга страна да се дадат препораки кон чие применување ќе треба да се стремат мониторираните инстутуции со цел подобрување на процесот на јавни набавки.

Во продолжение споделуваме дел од препораките за унапредување на системот за јавни набавки:

mkc

•Да се подобри процесот на планирање на јавните набавки. Честите промени во планот за јавните набавки и непостоењето систем за следење на неговата реализација зборуваат за лошо планирање на јавните набавки и за неефикасно управување со јавните средства;

•Да се внимава со тендерските документации и техничките спецификации да не се ограничува конкуренцијата, туку таа да се поттикнува со цел да се добијат поголем број на понуди;

•Електронската аукција да се применува само за производи со познат и стандардизиран квалитет и за коишто постои конкуренција на пазарот;

•Да не се прибегнува лесно и често кон поништување на постапката по одредени основи, а кога ќе се направи тоа, да се даваат детални образложенија за да се увиди дали поништувањето е оправдано;

•Доследно да се применуваат обврските од Законот за јавните набавки за објавување на известувањето за склучен договор во рок од 10 дена од склучувањето на договорот и за известувањето за реализиран договор во рок од 10 дена од целосната реализација на договорот;

•Да се објавуваат на веб-страниците сите релеватни информации за јавните набавки. За јавните претпријатија кои сè уште немаат изготвено веб-страници, обврската за објавување на релевантите информации треба да ја има Општина Битола;

За останатите препораки, како и споделување на останатите детални наоди од истражувањето дополнително ќе биде реализирана промоција кога ќе подготвиме печатено издание од истражувањето.

Со почит,

Младински културен центар – Битола

Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Заштита од корупција“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Младински културен центар – Битола.

(ВИДЕО) Велигден во храмот „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола
Христос Воскресе! Навистина Воскресе!Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…