На 8.10.2022 година (сабота) во Кино Манаки со почеток од 18 часот ќе се одржи промоција на краткиот документарен филм „Младите се иднината“. Филмот зборува за младите и нивните размислувања – зошто би останале да живеат и да работат во Битола, што е она што ќе ги мотивира да не ги спакуваат куферите и да ги бркаат своите соништа илјадници колометри подалеку од својот роден град.

so logo

Доколку им се пружи шанса, младите не би размислувале ни за момент и со задоволство би заминале надвор од границите на Балканот. Вака одговорија анкетираните млади од цел Балкан, меѓу кои и од Битола на прашањето „Доколку би имале прилика да ја напуштите својата татковина дали би го сториле тоа?“ кое беше дел од магистерскиот труд на Сара Трајчевска од Битола, дипломиран новинар на Универзитетот во Констанца во Романија.

Загрижувачките одговори кои ги доби на анкетните прашалници како дел од нејзиниот магистерски труд беа повод да се сними краткиот документарен филм „Младите се иднината“.

Кај Сара, едно прашање се вртеше сите изминати години поминати во туѓина: „Ако дома е местото каде што сме се родиле и каде секогаш сме добродојдени, тогаш зошто бараме засолниште на некое друго за нас непознато место?“

Своите размислувања на темата, зошто младите да останат да живеат и да работат во својот роден град ги раскажуваат и Сара Мицевска и Марија Тасевска, успешни студентки кои сакаат да останат во Битола и тука да се развиваат на професионален план, но и да придонесат за посветла иднина.

Сценариото е на Сара Трајчевска, снимател и монтажер Саше Богоевски во режија на Маја Богоевска.

Проектот е во реализација на Здружението БСМ Битола во соработка со порталот Читај бе и Креатив Продукција, поддржан од Општина Битола во соработка со ЈОУ Културен информативен центар Битола.

    Вртолом – празник на Светите Вартоломеј и Варнава
    На 24 јуни, православната црква ги празнува Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, …
    Зошто не треба да се исмеваме со луѓето кои разговараат со своите миленици
    Многумина знаат да се насмевнат или дури и да се потсмеваат кога …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…